RansomWhere е страница која покажува колкава е заработката на онлајн криминалците од „ransomware“-нападите

Без сомневање „ransomware“-нападите се дел од најголемите предизвици за безбедносните експерти во компаниите. Недостатокот од транспарентност и начин на кој може да го измериме влијанието на овие напади ни оневозможува да добиеме поточна претстава.

Еден од начините кој може да помогне во согледувањето на штетата направена со овие напади е преку процена на висината на откупот кој го платиле оштетените компании. Токму ова е и идејата зад RansomWhere, нова веб-страница на Џек Кејбл од Krebs Stamos Group. На оваа веб-страница анонимно се споделуваат податоци за висината на откупот кој го платиле жртвите.

Процесот е своевиден „crowdfunding“, а податоци може да внесе секој. Идејата е жртвите самите да ги внесат податоците за нападот, но засега се евидентирани единствено податоци кои се јавно објавени. Еден од недостатоците на овој начин на внесување податоци е немањето на проверка и можност за внесување на лажни податоци во времето на внесување. Решението на креаторот на RansomWhere за ова е отстранување на податоците од базата ако се покаже дека се неточни.

Од она што може да го забележиме само од споделените податоци, само од почетокот на оваа година хакерите добиле откуп во висина од 30,7 милиони долари. Најголем дел од овие средства кои се исплаќаат во биткоин се исплатени на неколку криминални групи.

Од следените новчаници за чување на криптовалути бројките на заработка од онлајн криминал се неверојатни за четири групи. Maze/ Egregor имаат 75 милиони долари; Ryuk 150 милиони долари; REvil 123 милиони; Netwalker 25 милиони долари. Што се однесува само за исплатените откупи од ransomware напади, на прво место со 11 милиони американски долари собран откуп е руската група REvil.

Најголем дел од хакерските групи кои ги користат овие напади се лоцирани во Русија. Засега нема податоци кои покажуваат дека властите во Москва ги поддржуваат, но секако не се доволни ангажирани за приведување на напаѓачите. Претседателот на САД г. Џон Бајден по нападите врз Kaseya и JBS побара од Русија поголема ангажираност во справување со овие групи.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments