Lightyear One помина 710 километри со едно полнење на батеријата

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Супер луксузните електрични возила се докажуваат со брзината и забрзувањето, но вистинската „борба“ за популарност кај обичниот купувач е цената и колку пат може да се извози пред повторно полнење на батеријата. Холандскиот електричен автомобил Lightyear One за жал нема никого да освои со цената, но го држи рекордот за извозени километри со едно полнење.

Минатиот месец во тест возење автомобилот помина 710 километри со едно полнење. Lightyear One возеше 9 часа без престан со просечна брзина 85 km/h. Покрај стандардната батерија, на возилото се поставени 5 соларни панели кои генерираа 3,45 kWh. Соларните панели за еден час полнење овозможуваат возење од 12 километри. Клучниот параметар кој го овозможи овој потфат не е капацитет на батеријата или соларните панели, туку ефикасноста на возилото.

Производителот ветува дека во летниот период или на сончеви локации автомобилот би можел да вози со месеци пред да треба да се наполни батеријата. Со дополнителни надградби и оптимизации тимот зад Lightyear One верува дека за десетина години нема да има потреба за пауза за полнење.

Lightyear е основана 2016 година и Lightyear One и неговите претходници се победници на 4 соларни шампионати.

Возилото во продажба ќе биде достапно веќе од следната година, но лоша вест е дека ќе чини 177000 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post Lightyear One помина 710 килом&#10… appeared first on […]