Qualcomm го претстави својот прв телефон наменет за ентузијастите кои се дел од Snapdragon Insiders програмата. Произведен е во соработка со ASUS кои го дизајнираа, а името е „Smartphone for Snapdragon Insiders“.
Можеби помалку чудно уредот треба да ги претстави можностите на Snapdragon 888 процесорот, а компанијата веќе ја најави надградбата Snapdragon 888 Plus. Овие концепт телефони вообичаено се поскапи, но за 1500 американски долари колку што чини овој уред , сепак делува прескапо.
Smartphone for Snapdragon Insiders доаѓа со 512GB простор; 16 GB RAM; 6,78-инчен 144Hz OLED екран. Телефонот се отклучува со сензор за отпечатоци на прсти поставен на задната страна. Батеријата е со капацитет од 4000mAh и се полни со 65W.
Камерата е со три различни леќи од Sony, главната е со 64MP сензор, за широко-аголна фотографија користи 12MP сензор. Леќата која се користи за телефото е 8 МP. Сетап со три камери секако не е новитет, а квалитетот на камерата барем според спецификациите изгледа одлично.
Една од технологиите која е новитет е можноста за 24-битен 96kHz аудио плејбек. Smartphone for Snapdragon Insiders е еден од првите паметни телефони кои доаѓаат со Snapdragon Sound технологија. Како додаток на телефонот доаѓаат и MW08 слушалки кои надвор од пакетот се продаваат за 300 долари.
Што се однесува до оперативниот систем телефонот доаѓа со Android 11, што е стандард за флегшип уредите.
Без разлика на квалитетот на хардверот цената од 1500 долари е превисока за уредот. Во моментов има голем избор на телефони кои не само се поевтини туку имаат и подобар хардвер. Со додавање на можности за супер-квалитетен звук Asus можеби се обидува да ги привлече аудиофилите, но прашање дали е ова остварливо. Не толку одамна компанија со Asus ROG Phone се обиде да ги привлече љубителите на видеоигри.






