Оваа недела Microsoft ја издаде редовната безбедносна „закрпа во вторник“. Она што е карактеристично е дека оваа недела се затворени над 116 пропусти, од кои 13 се критични. Во овој месец се затворени повеќе безбедносни пропусти отколку претходните два месеци заедно.
Тринаесетте безбедносни пропусти кои Microsoft ги одбележа како критични им овозможуваат на напаѓачите во целост да преземат контрола врз системите. Девет од пропустите кои се надминати се „zero day“-пропусти. Барем четири од овие пропусти активно биле злоупотребувани од напаѓачите, пренесе Krebs on Security.
Безбедносната закрпа помага за надминување на проблеми во: Microsoft Office, SharePoint, Excel, Microsoft Exchange Server, Windows Defender, Windows Kernel и Windows SMB.
За откривање на пропустите Microsoft им се заблагодари на безбедносните експерти од: Google Security, Checkmarx, Trend Micro Zero Day Initiative, и FortiGuard Lab на Fortinet.
Советите за надградба со безбедносните закрпи и натаму се исти како и досега. Пред да ја направите надградбата направете бекап на сите поважни фајлови.
[…] post Најновата безбе&… appeared first on […]