Parallel Ads технологијата која ги менува рекламите во спортските преноси

во Вести

Една од технологиите кои се пробиваат на Европското фудбалско првенство е Parallel Ads. Технологијата овозможува динамички промени на рекламите на стадионот за потребите на преносот. Наменета е за сопствениците на правата за пренос и овозможува во четири различни преноси да бидат прикажувани целосно или делумно различни реклами.

Ова на сопствениците на правата им овозможува да прикажат реклами соодветни за локацијата за која преносот е наменет, и да продадат повеќе реклами.

Tехнологијата не се користи прв пат во преноси на фудбалски натпревар. Веќе беше употребена во преносите на во полуфиналните натпревари и финалето на англискиот FA куп, но и на неколку други спортски натпреварувања претходно. Вкупната бројка на настани кои се пренесувани со оваа технологија е околу седумдесет.

Она што е интересно е дека не станува збор за виртуелни паноа чија содржина софтверски се менува во пост-продукција. Туку различните реклами се „скриени“ во LED екраните. Со помош на хардверски чип повеќе реклами се прикажуваат на LED дисплеите истовремено. Потоа камерите и рекламните дисплеи се синхронизираат што е процес што трае од 20 до 45 минути.

Камерите снимаат во „high frame rate“ и потоа од овие снимки може да испорачаат неколку (најмногу четири) преноси во стандардна брзина без никаква потреба од дополнителен хардвер и пост-процесирање.

Истовремено посетителите на стадионите гледаат само една од рекламите и технологијата не преставува интрузија на нив. Начинот на кој се прави ова е селектирање и „бришење“ на дополнителните фрејмови кои се видливи за човековото око.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments