Саботна симс средба #11: Тинејџерски маки

Што е саботна симс средба?


Неделна статија замислена да ја информира The Sims заедницата преку детално разгледување експанзии и бројни додатоци за култната симулација.

Преку критичка посвета на бројните новитетите поврзани со додатокот, ве известуваме за тоа што најдобро функционира во поглед на механиките и на какви сѐ работи би можеле да наидете за уредување на вашиот дом.

Моментно, The Sims 4 има 17 главни експанзии, 12 game пакети, и 20 stuff пакети. Целта на оваа статија е заеднички да поминеме низ сите нив!

Претходните саботи пишувавме за:

Средношколски години

The Sims 4: High School Years претставува дванаесетто ппроширување за долговечната и ултра популарна The Sims 4. Првично најавена на 30 јуни 2022 година, овој пакет беше официјално објавен за сите платформи на 28 јули истата година. Експанзијата го става во фокус секојдневниот живот на тинејџерите, нудејќи им на играчите можност директно да ги контролираат своите помлади симсовци додека се на училиште. Централно место во ова искуство зазема новиот свет Копердејл, некогашен просперитетен рударски град, кој е единствената локација каде можете да поставувате активни средношколски парцели. Паралелно со ова, проширувањето враќа некои омилени елементи од The Sims 3: Generations, како што се матурската вечер и можноста за правење шеги, а истовремено става акцент на тинејџерската мода, слично на The Sims 2: Teen Style Stuff.

Во ходниците на младоста

Како што напонавме, High School Years ве носи во светот на Копердејл, нудејќи ви можност да ги искусите сите подеми и падови на средношколскиот живот. Симсовците сега можат физички да присуствуваат на часови, да се запознаваат со нивните професори, да поминуваат време во училишната кафетерија, па дури и да ги декорираат нивните шкафчиња. Многу од драгоцените моменти може да се случат токму во неформалните дружби со пријателите по завршувањето на училишните обврски. Оваа експанзија овозможува подлабоко навлегување во социјалната динамика и академските предизвици на тинејџерските години.

Време на самооткривање

Преку овој пакет, тинејџерите можат да ја прослават нивната матура, доколку, се разбира, успешно ги имаат исполнето нивните училишни обврски. Покрај ова, тинејџерите можат да создаваат доживотни пријателства, да учествуваат во воннаставни активности и тимови, се со цел да ја соберат доволно самодовербата или за канење на симпатијата на состанок или за бегање од час. Може да правите најразлични практични шеги или пак да забушавате до бесвест, соочувајќи се подоцна со последиците од таквите акции.

Стил и претприемништво

Модата и личното изразување се значаен дел од High School Years. Па така, тинејџерите можат да ја уредат нивната спална соба по сопствен вкус, да планираат модни комбинации со облека дизајнирана од продавачи на Depop и да станат уникатни инфлуенсери, заработувајќи пари преку продавање облека и промовирајќи изгледи што се дизајнираат на новата платформа Trendi. Сите овие работи, тинејџерите ги прават директно од нивните спални соби, доведувајќи посебна свежина и интерактивност. Можностите вклучуваат користење лаптоп, читање книга во кревет, па, во случај на друштво, дури и борби со перници. Оваа експанзија воведува и нова вештина, односно претприемништво, која им овозможува на Симовите да ги развијат своите деловни идеи.

Објекти, особини и аспирации

High School Years збогатува играта со мноштво нови објекти кои го надополнуваат средношколското искуство. Меѓу нив се наоѓаат терен за американски фудбал, бифе маса, фонтана за пијалоци, станица за кафетерија, панорамско тркало, куќа на духови, шкафчиња, фото кабина, говорница, прозорец за бегство, тоалетна кабина, тунел на љубовта, автомати за продажба и бела табла. Воведени се и три нови особини за тинејџерите, четири нови тинејџерски аспирации.

Нови кариери, активности и социјални интеракции

High School Years воведува нови работни места со скратено работно време, како претходно споменатиот симфлуенсер и стример на видео игри. Додадени се и нови воннаставни активности, вклучувајќи навивачки тим, шаховски тим, компјутерски тим и тим по американски фудбал. Новите типови на парцели вклучуваат аудиториум, средно училиште и продавница за половна облека и чај. Додадена е и нова категорија за допаѓања/недопаѓања поврзана со модата, како и нова форма на смрт.

Младите симсовци сега можат да присуствуваат на матурска вечер, ден на кариера и церемонија на матурирање во аудиториумот. Во продавницата за половна облека и бабл ти можат да се одржуваат модни ревии, аматерски стенд-ап вечери и поетски читања. Во средното училиште се одржуваат вежби за евакуација и испити, а на спортскиот терен во Рокриџ Хајтс се организираат тимски спортски денови. Новите шеги вклучуваат поставување смрдлива капсула во шкафчиња, раскажување урбани легенди, чкртање по белата табла, хакирање на разгласот и крадење лозинка од компјутерот на директорот. Други значајни новини се навивањето, појавата на симпатии, можноста за прилагодување на вратите на шкафчињата, давањето подароци, новите социјални апликации на паметниот телефон наречени Social Bunny и Trendi, можноста Симовите да ги негуваат и средуваат влакната на телото, купувањето облека во продавници за половна стока, бегството низ посебен прозорец, борбите со перници и искуството на пубертетот.

High School Years интересно се интегрира со неколку постоечки пакети. На пример, со Discover University, Симовите кои матурирале порано можат да аплицираат, да се запишат и да посетуваат универзитет како тинејџери. Оние кои се откажале или биле избркани од средно училиште не можат да се квалификуваат за дипломи освен ако не добијат средношколска диплома онлајн. Со пакетот Vampires, вампирските Симови можат да ги користат своите способности за правење шеги, но ако пијат плазма од професори или ученици без дозвола, ќе бидат избркани. Тие исто така стануваат разиграни кога раскажуваат (или им се раскажуваат) урбани легенди. Со Get Famous, славните Симови кои посетуваат средно училиште ќе бидат препознаени од обичните ученици и професори, па дури и ќе бидат замолувани за автограми. Нивната репутација ќе се зголеми ако имаат подобри академски резултати и присуствуваат на матурски вечери. Меѓутоа, ако бидат избркани, ќе бидат јавно посрамотени, а опседнатите фанови и папараците може да ги демнат на час, при што професорите и директорот ќе ги избркаат натрапниците.

The Sims 4: High School Years нуди длабинско и ангажирачко искуство на тинејџерскиот живот, исполнето со автентични предизвици, радости и можности за самоизразување. Со воведувањето на активни средношколски денови, нови социјални интеракции, фокус на модата и претприемништвото, како и значајни интеграции со други пакети, оваа експанзија значително го збогатува светот на The Sims 4. Иако некои аспекти можеби се специфични за одреден стил на игра, севкупно High School Years претставува вреден додаток кој им овозможува на играчите да ги истражат комплексните и возбудливи години на адолесценцијата на своите Симови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk