Во случај да сте по игри каде се бранат бази или пак се убиваат бранови и бранови од непријатели додека се запазуваат roguelite механики, имаме две игри само за вас.


Gunbot Diplomacy e развиена од студиото Sleepy Sentry и, како roguelite наслов, има за задача да ве фрли во еден откачен, пост-апокалиптичен свет каде што пропаднатите експерименти со вештачка интелигенција довеле до пад на човечката цивилизација, оставајќи ги бојните полиња на вооружените роботи.

Во Gunbot Diplomacy имате за задача да ги уништите бројните орди од непријатели преку склопување и усовршување на вашиот ганбот. Играта се истакнува со уникатен систем за надградба на оружјата, поставен на хексагонална мрежа. Оваа мрежа овозможува длабока персонализација, каде што можете да комбинирате над 20 основни типови на оружја со повеќе од 25 видови на додатоци и засилувачи.

Паралелно со ова, имате на располагање преку 80 модули кои дефинираат различни стилови на игра. Овие модули влијаат на сè, од брзината и издржливоста на вашиот ганбот, до неговата чиста огнена моќ. Постојат и 10 основни типови на ганботови од кои можете да изберете, секој со свои уникатни карактеристики.

Gunbot Diplomacy се чини дека успешно ги комбинира елементите на „roguelite“ жанрот со длабока персонализација и хумористичен, но сепак мрачен пост-апокалиптичен амбиент. Со својата огромна разновидност во оружја, модули и ганботови, како и постојано менувачките предизвици, играта нуди солидна забава и се наметнува како топла препорака.

Utopia Must Fall е интензивна аркадна игра со пукање и одбрана на база, развиена од Pixeljam. Овој наслов ве предизвикува да ја заштититите вашата утопија од мистериозни вонземски закани, нудејќи брза прогресија, процедурално генерирани бранови на напади и впечатлива векторска естетика проследена со црн хумор.
Во Utopia Must Fall пукањето е автоматско, а играчот ја контролира одбранбената купола на градот, со можност за повремено лансирање на нуклеарни боеви глави за расчистување на небото. Секој ден на успешно преживување носи можност за надградба на одбраната, при што морате мудро да избирате на што да се фокусирате и како да ги надминете сите дупки кои би можеле да се појават.

Играта вешто комбинира елементи од жанровите на одбрана на кули (tower defense) и „roguelite“, создавајќи уникатно аркадно искуство.
Една од главните карактеристики на играта е обемното дрво на надградби. Прогресијата е брза и ви овозможува да развивате стратегии што одговараат на токму на вашиот стил на игра. Без разлика дали преферирате зајакнување на вашиот главен топ (rail gun) во повеќецевна машина на смртта, подобрување на автоматските одбранбени способности на штитот, распоредување и конфигурирање на автономни борбени дронови и ласерски куполи, или пак одите на целосно агресивен пристап со арсенал од нуклеарки и огромна пушка – изборот е ваш. Оваа разновидност гарантира дека секоја сесија може да биде различна и прилагодена на индивидуалните преференции.

Надградбите и новите способности се отклучуваат преку завршување на мини-предизвици додека го браните градот.
Визуелно, играта се истакнува со својот „V99“ графички енџин, кој испорачува ретро-модерен векторски аркаден стил. Ова, во комбинација со мрачно хумористичниот тон создава специфична и привлечна атмосфера.
Utopia Must Fall ветува адреналинско и предизвикувачко искуство за љубителите на аркадни игри и одбрана на база. Со својата брза акција, длабок систем на надградби и уникатен аудио-визуелен стил, играта има потенцијал да понуди часови забава и постојано враќање по уште една рунда во одбрана на последната утопија на човештвото.







