Уште еден викенд пред нас и уште една можност за исполнителни гејминг сесии и правилно одбележување на крајот на неделата. Овојпат, копавме длабоко и широко и најдовме интересна игра која е баш со копање, но и FPS хорор со загатки! А, некаде помеѓу овие две наслови, сметаме дека би можеле и да се забавите со мала, но симпатична акциона RPG игра!
Limerick: Cadence Mansion нуди загатки, пукање и плашење. Многу плашење!
Limerick: Cadence Mansion е акциона хорор авантура со елементи на загатки. Светот е вознемирувачко-збунувачки и за да се дополнително истакне тоа, вие се будите во празна ќелија и имате за задача да ја откриете мистеријата која се крие во огромната куќа и да пробате да извлечете жива глава од хаосот кој ве опкружува.
Во Limerick: Cadence Mansion има делови на чиста акција каде користите најразлични оружја за да се справите со бројните суштества, но и колосални босови. Но, акционата природа на играта е второстепена и иако пријатно ја разбива монотонијата, сржтта на оваа игра лежи во истражување на вознемирувачките места, впивање на невообичаената приказна и решавање предизвикувачки загатки.
Некои од загатките се логички, но некои пркосат на сите физички закони и потребно е размислување надвор од кутијата, експериментирање и учење преку грешки за да се дојде до решението. Нормално, ваквото нешто знае да ве исполни со чувство на еуфорија во моментот кога ќе го пронајдете решението, но би сакале да напоменеме дека на помалку трпеливите нема да им се допадне ваквиот пристап, ниту пак честото барање забелешки и слики расфрлани низ беживотните ходници.
Доколку загатките не се за вас, тогаш имате опција, преку намалување на тежината, да го заобиколите решавањето на загатките и целосно да се посветите на атмосферата, приказната и акционите делови. Не го препорачуваме ова бидејќи сметаме дека загатките се клучен дел од играта и со нивното прескокнување се губи квалитетен аспект на Limerick: Cadence Mansion.
Како последно нешто што би сакале да истакнеме е преубавиот енџин кој реалистично прикажува најразлични места од огромната куќа, со веродостојни анимации и квалитетна глума и музичка подлога. Како пакет, Limerick: Cadence Mansion е солидна инди игра која може многу да понуди и се труди да излезе во пресрет на поголема група гејмери, нешто што е очигледно од делот со изборните загатки.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Jenito Studios, LLC
- Издава: Jenito Studios, LLC
- Жанр: Акциона авантура со изборни загатки
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 29 септември 2023
Eternamine е едноставна, но забавна игра со копање
EternaMine e симпатична, мала инди игра која би можела да им се допадне на сите оние што сакаат копање низ рудници и борење со чудовишта. Мора да нагласиме дека се работи за исклучително едноставен концепт кој нема да ве импресионира доколку барате посодржителна игра. Наместо тоа, ги засукувате ракавите, копате неуморно и собирате една од шест валути со кои или ја надградувате вашата опрема или пак отклучувате најразлични работи.
На располагање имате најразлични рудници и руда за копање; некои од рудниците се магични и се отвораат само во одредени моменти. Во таква ситуација, мора да се погрижите дека вашата алатка за копање и оружје се во одлична состојба бидејќи никогаш не знаете какви предизвици ве чекаат во нив.
За да излезете како ултимативните победници, особено при истражување на занданите, вршите најразлични надградби како посилна алатка за копање, поголем ранец за складирање работи, подолг или поостар меч. Паралелно со ова, можете и да купувате најразлични помошни средства, како бомби, или пак да играте мини игри за среќа.
EternaMine ќе ви понуди и најразлични квестови кои органски ги решавате со истражувањето. Квестовите се релативно едноставни и се состојат во трошење одредена валута, отворање одредени ковчези, убивање одредени босови или пак играње на играта неколку минути. За секој исполнет квест, добивате клучеви кои отвораат дополнителни богатства. Дали споменавме дека можете и да отклучувате најразлични скинови, визуелни ефекти, па дури и миленичиња?
Повеќе детали за играта
- Произведува: Seyloj
- Издава: Seyloj
- Жанр: авантура со копање
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 28 април 2023
Halls of Watershot е RPG игра во која ги користите елементите за деструктивни напади
И, како последна трета игра која би ви ја препорачале за овој викенд е акционата RPG игра во која поставувате и активирате магии на сличен начин како системот со карти. Willis Studios има осмислено интересен dungeon crawler во кој е потребно инстантно да реагирате на движењата на непријателите и да донесувате брзи одлуки за тоа какви магии ќе имплементирате.
Играта ја почнувате така што бирате еден од три понудени „класи“. Секој од ликовите започнува со користење сет од магии кои припаѓаат на одреден елемент: земја, огин, или молња. Потоа, како напредувате низ замокот, отклучувате и правите најразлични дополнителни магии. Паралелно со ова, имате на располагање и бројни таленти и предмети кои ја зголемуваат вашите деструктивни и офанзивни способности.
Halls of Watershot е игра која не е баш исполирана како што би сакале. Анимациите знаат да бидат груби, а камерата да се движи во погрешни и збунувачки правци. Згора на тоа, преводот знаеше да биде со одредени граматички и синтактички грешки, а корисничкиот интерфејст ни делуваше ем застарен ем недоволно респонзивен.
И покрај ова, нашиот престој во Halls of Watershot беше пријатен и уживавме во бројните прилики да откриваме нови магии и рецепти, па потоа да видиме каков е нивниот ефект во светот. Девелоперите Willis Studios се имаат потрудено да понудат подлабок систем кој се одликува со бројни комбинации и можности за експериментирање, се додека не си го најдете вашиот идеален билд за успешно провлекување низ замокот Watershot.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Willis Studios
- Издава: Willis Studios
- Жанр: Акциона RPG игра
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 7 ноември 2023
Тоа не е сѐ што игравме неделава и покрај овие три игри би сакале да ви препорачаме и некоја од следниве 10 скриени хитови:
- This Bed we Made е кратка, но одлична мистериозна авантура со впечатлива приказна и харизматични ликови
- Инспирирана од делото на Станислав Лем, The Invincible раскажува филозовска приказна водена од желбата за научни откритија
- Креативно градење патишта со Costa Verde Transport Department
- You Will Die Here Tonight е хорор игра која ќе им се допадне на Resident Evil и House of the Dead фановите
- 5 нови причини зошто е сега одлично време да ја проверите Guild Wars 2
- Space Tales е ретро-футуристичка стратегија во реално време со survival елементи
- VISCO Collection се одликува со 7 класнични игри од флиперските денови
- Kickback Slug: Cosmic Courier експериментира со физичките закони за да понуди забавен акциски платформер
- My Time at Sandrock крие тони можности за исполнување на вашите животни и фармерски аспирации
- Решавајте бројни загатки во Labyrinthatory