Македонската Adeva на 48-место на листата Fastest 500 in North America од Deloitte

Сте се запрашале ли дали можат љубовта и бизнисот да одат рака под рака? Македонската компанија Adeva е доказ за тоа дека можат. Adeva е компанија која што претставува глобална мрежа за спојување на најдобрите ИТ таленти со соодветните компании.

Од една страна, компаниите ги забрзуваат своите проекти преку брза распределба на квалификуван кадар, воедно ги намалуваат и своите оперативни трошоци, а од друга страна талентите го пронаоѓаат своето ново работно место на многу полесен начин од класичното аплицирање и интервјуирање.

Adeva која e основана во 2015, од страна на Тошо Трајанов и Катерина Трајчевска, месецов се најде на 48-место на листата – Fastest 500 in North America од Deloitte US, ова беше доволна причина за да направиме интервју со нив за да ги прашаме што ова значи за нивниот бизнис…

Што е Fastest 500 in North America | Deloitte US и како се најдовте таму?

“Листата наречена ‘Technology Fast 500’ е избор на познатата консултантска куќа Deloitte кој годинава се оддржува по 29-ти пат и ги наградува компаниите со седиште во Северна Америка кои покрај динамичниот пораст на приходите во изминатите 3 години, прикажале и врвна бизнис стратегија, визија и менаџмент, изнаоѓајќи иновативни начини и решенија за решавање на предизвиците и креирање вредност.

Adeva оваа година ги исполни сите овие критериуми, при тоа прикажувајќи раст од дури 3221% во изминатите 3 години кои се земаат предвид. На тој начин, нашиот уникатен бизнис модел кој им овозможува на компаниите да стигнат до врвен талент преку нашата платформа, нам ни овозможи да го заземеме мошне високото 48-место меѓу избраните 500. “

Што ја прави Adeva подобра и поразлична од другите Tech talent компании?

“Во основа на нашата бизнис филозофија е заедницата. Ова не е само флоскула или мото – бидејќи нашата мрежа и практично е заснована на локални заедници во 35 земји, што ни овозможува пристап до некои од најдобрите инженери во светот. Она што ние како Адева го додаваме како вредност врз оваа основа е нашиот уникатен процес на верификација, скенирање и напредно мечирање на талентите и компаниите, овозможувајќи услови за премиум искуство и за едните и за другите. При тоа, наша огромна заложба е, колку и да се потпираме на напредни технологии – секогаш да го задржиме оној човечки аспект и допир со сите луѓе, независно дали се клиенти или таленти. “

Кои типови на компании ги опслужува Adeva?

“Ако треба да издвоиме 3 клучни типови на компании, би ги издвоил scale-up компаниите, консултантските компании и корпорациите (enterprises). Заедничко нешто за сите нив е што се сигурни во дека во Adeva секогаш ќе го најдат точниот профил на талент што го бараат, брзо и едноставно, а тоа им овозможува да бидат мошне поагилни и да креираат вредност за нивните клиенти.

Ако ги гледаме нивните поединечни специфики во однос на вредноста што Adeva ја креира за нив, тогаш би го издовил следново. За scale-up компаниите најмногу вредност даваме во фазата кога ќе затворат инвестиција, пивотираат или тестираат нови идеи и процеси. За конултантските компании сме тука во вид на virtual bench, и тоа е голема вредност бидејќи не мора да држат нивни вработени повеќе одошто им треба, односно секогаш го имаат на располагање вистинскиот талент брзо, преку Adeva. Кај големите корпорации, кај кои по природа промената и иновацијата поспоро доаѓаат, ние го забрзуваме тој процес, давајќи поддршка на нивните R&D сектори, но и при специјални проекти за кои кај нив постои knowledge gap, па дури и кај регуларните интерни проекти кога е неопходна поголема динамика за нивно реализирање.” 

Како им помагате на компаниите да заштедат на оперативните трошоци?

“Најголем дел од компаниите имаат ресурси што не се алоцирани. Тоа за нив е голем трошок, но останувањето без истите во моментот кога итно ќе затребаат може да биде уште поголем трошок. Со Adeva, тие ги решаваат обата проблеми. Настрана од ова, сите знаеме колку самиот процес на вработување на технолошки таленти е долг, скап, а знае и да го забави растот на компаниите во клучен момент. Со нас, компаниите ги немаат тие проблеми. И уште една важна работа е дека, поради фактот што работиме со интернационален пул на таленти од дури 35 земји, компаниите имаат на располагање инжењери во различен ценовен ранг, со што им овозможуваме секогаш да можат да креираат вредност во рамките на нивните можности.” 

Со какви бројки би се пофалиле?

“Овој milestone кој дојде со наградата на Deloitte е веројатно одлична прилика да направиме еден пресек. Самиот евидентиран раст од нивна страна е веројатно најимпресивната метрика – од 2019 до 2022 имаме пораснато 3221%, што е фантастично. Но, зад овие клучни кумулативни метрики секогаш се кријат и други, помалку видливи а посуштински. Кај нас тоа е веројатно метриката Success rate, која покажува дека имаме 98% успешност од проба до договор. Таа е причината за нашиот успех, а нејзиниот импакт освен во растот од 30х, се гледа и во бројката од над 200 клиенти меѓу кои и компании од Fortune 500 листата, како и во големата и лојална глобална заедница на инженери во 35 држави ширум светот.”

Што понатаму?

“Со овој раст, експанзијата е неминовна, но сакаме да бидеме паметни во врска со тоа. Планот е експанзија во специфични региони, индустрии, вертикали. Малку повеќе во длабочина, густина, T-shaped експанзија ако може така да се каже, наместо класична во која растот е цел сам за себе а не последица на стратегија. Тоа е стратешки, а конкретно, следната голема работа од Адева е лансирањето на AI Talent Hub која е во напредна фаза на тестирање и очекуваме да ја лансираме до крај на годината. Долгорочно – да станеме go-to платформа каде што компаниите ќе може да стигнат до врвни таленти од областа на ИТ и продуктен менаџмент на определено време. Но, она што е најважно, при сите овие абициозни планови, да не престанеме да и даваме моќ на заедницата и да правиме вистински импакт.”


Доколку ве интересираат повеќе детали за Adeva и нивната одлука да отворат компанија во САД, и имате два часа слободно време, погледенете го подкастот на Иван Неделковски со основачите Тошо и Кате.

За уште повеќе информации, посетете го нивниот официјален сајт или приклучете се на виртуелниот настан кој го организираат на 16-ти и на кој ке им гостува Вејн Хабер, Директор за оддел за инженерство на GitLab.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments