Space Tales е игра која допрва треба да излезе, но, од она што до сега го имаме видено ветува интересни стратешки елементи кои комбинираат механики на градење база, управување со ресурси, и PVE.
Развојното студио Saigon Dragon Studios се труди да понуди стратешка игра во ретро-футуристичка околина, каде истражувате и освојувате нови планети. Карактеристично за RTS игри од овој калибар, при секоја посета на планета ќе правите база, ќе создавате воени единици и ќе започнувате етапна експанзија.
Иако сеуште не знаеме кога ќе излезе играта, Space Tales ќе понуди 16 главни мисии, но и бројни споредни. Сето тоа е испреплетево во ветување за богата приказна и борба за следење на амбициозните чекори на легендарниот генерал на фракцијата I.P.E. Она што нас навистина не интересира е како би можеле да бидат изведени survival елементите за да се понуди малку поразлично искуство.
Во кампањата ќе се соочите со разнолики вонземни раси, а со собраните поени и ресурси ќе можете да ја подобрувате вашата армија и да имплементирате различни стратегии. Штом излезе Space Tales со задоволство ќе ги споделиме и нашите импресии за играта. :)
Повеќе детали за играта
- Произведува: Saigon Dragon Studios
- Издава: Saigon Dragon Studios
- Жанр: стратегија
- Платформа: Microsoft Windows
- Ќе излезе на: најверојатно при крајот на ноември