Креативно градење патишта со Costa Verde Transport Department

Многу симулации на градови се исклучително амбициозни продукти кои се трудат да воведат комплексни механики на градење и управување со градовите и нивните жители. На прв поглед, Costa Verde Transport Department е игра која се фокусира на само еден аспект од симулацијата – градење патишта!

Релаксирачко поплочување

Девелоперот Никита се има погрижено да понуди крајно релаксирачка игра во која играте како одговорни во одделот за транспот. Ваша задача е да градите патишта, да планирате каде и како да се поставуваат раскрсници и кружни текови, се со цел да се избегне сообраќајниот метеж.

Доколку сакате да ја проверите играта, на располагање имате повеќе од одлично демо кое можете да го преземете од официјалната страна на Steam. За време на нашето кратко дружење со играта, апсолутно уживавме во планирање, цртање и градење на патиштата, поврзување на еден со друг дел преку водените површини, осмислување каде е најдобро да има мостови и на кои места е најсоодветно да се постават кружни текови.

Доколку направите одлична работа во Costa Verde Transport Department, жителите ќе бидат задоволни и без проблем ќе се движат од и до нивните домови и работни места. Но, утнете ја работата и набргу ќе се најдете во хаотична и фрустрирачка ситуација.

Пред почнување на играта, имате на располагање солиден туторијал кој ве запознава со клучните механики, а за поголем предизвик, можете да изберете едно од неколку нивоа на тежина. Моментната верзија на играта ви дозволува да ги остварите вашите аспирации во одделот за транспорт на три уникатни мапи и бирате помеѓу:

  • Costa Verde
  • Isla Rosa
  • Monte Blanco

Costa Verde Transport Department е преубава игра, со симпатично дизајнирани структури и живописна и динамичната промена на времето. Мапите во кои градите се засновани на создавање по случаен избор и има интересен баланс помеѓу пустини, планини, реки, езера или пак зашумени места. Запрестувачки импресивно, со оглед на тоа дека играта не е ни 100MB голема.

Со оглед на тоа дека мапите се рандомно генерирани и се охрабрува константно експериментирање, безбедно е да се каже дека Costa Verde Transport Department има висока вредност на преигрување. А, дополнителни пофални зборови упатуваме на релаксирачката музика и суптилните звучни ефекти кои значително влијаат на имерзивноста.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Nikita Lisitsa
  • Издава: Nikita Lisitsa
  • Жанр: симулација, поставување патишта
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 31 октомври 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk