75 коментари 2 мин. читање

10 години по ред како наставниците и родителите мака мачат со е-дневникот

Низ годините, крај на училишната година стана синоним за непреспиени ноќи и серија од главоболки помеѓу наставниците. Цела недела како е-дневникот поставен на ednevnik.edu.mk е едвај функционален затоа што сите наставници се трудат да ги внесат оценките за крајот на годината. Од друга страна, бројни родители го оптоваруваат системот за да се информираат за оценките на нивните деца.

Како директен резултат на сево ова, повторно се најдовме во истата ситуација како и претходната година. И годината пред таа. И уште шака години пред тоа…. Сајтот или нема да ви дозволи да влезете, или ќе влезете, но вчитувањето ќе е болно споро. Или пак, сајтот ќе симулира долго вчитување се додека не се појави следнава порака.

Пркосна хибернација

Назависно од техничките причини кои стојат зад сево ова и наставниците и родителите се исфрустрирани затоа што нормалното време за извршување на овие операции е десеткратно зголемено, а често и не ги сочувува податоците, односно внесувањето на оценките. За крај, неуморно спречува увид во внесеното од трети лица.

За одредени наставници чии предмети се на втората страна од приказот, воопшто не може да се добие пристап и сајтот автоматски ве поздравува со белата површина и грешката при вчитување. Поради тоа, одредени класни раководители или одат од наставник до наставник и ги собираат податоците или пак прават табели во excel па ги споделуваат и замолуваат наставниците тука да ги внесат оценките. Работа врз работа.

Паралелно на ова, родителите кои не можат да добијат увид во оценките телефонски ги бараат класните раководители и поставуваат прашања за кои се непознати одговорите. Имено книжен дневник со години е укинат, а писмената евиденција е целосно заменета со електронската.

од Andrea Piacquadio, pexels.com

Би било убаво еднаш засекогаш да се реши проблемот со е-дневникот, но по се изгледа ни оваа година не се наоѓа решение и наставниците и понатаму практикуваат будење во рани утрински часови и внесување на оценките кога серверите не се оптеретени. Е-дневникот подобро функционира во три часот наутро, но да се надеваме дека нема уште долго време да се практикува станувањето во ниедно доба.

На тема е-дневник досега пишувавме во повеќе наврати:

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Forum replies (75)Kоментари на статија (0)

Се вчитуваат нови одговори…

Enquito

poweruser

2,627 пораки 1,796 лајк

Добро, зошто не го направат Scalable, пример преку AWS, ова не е ново постои одамна, кога ќе има поголем трафик на сајтот, ќе се зголемат ресурсите, што е 2-3 пати годишно, и ќе платат повеќе за тој период, кога нема трафик на сајтот ќе де плати помалку.

одговори 4 лајкови

M
Mercilesss

hello world

399 пораки 299 лајк

Добро, зошто не го направат Scalable, пример преку AWS, ова не е ново постои одамна, кога ќе има поголем трафик на сајтот, ќе се зголемат ресурсите, што е 2-3 пати годишно, и ќе платат повеќе за тој период, кога нема трафик на сајтот ќе де плати помалку.

Кој да го направи? Програмерот кој завршил одвај 6та година Финки и се вработил преку чичко му од партија со некоја си 450/500еу плата? Коа ќе почнат да вработуваат квалитетен кадар без врски тогаш ќе имаат нешто квалитетно.

одговори 7 лајкови

krema

OG

15,734 пораки 15,825 лајк

Два три дена пред крај на прво полугодие и два три дена пред крај на учебна година е проблемот, низ останатите месеци си работи супер.
Гужва пред гол. :ROFLMAO:

одговори 3 лајкови

mdeni

senior

6,088 пораки 6,024 лајк

Два три дена пред крај на прво полугодие и два три дена пред крај на учебна година е проблемот, низ останатите месеци си работи супер.
Гужва пред гол. [emoji23]

Баш затоа скејлинг би било идеално, 99% од времето е на idle системот.

одговори 1 Like

krema

OG

15,734 пораки 15,825 лајк

Стручната служба е на idle цело време. :ROFLMAO:

одговори 1 Like

dddragan

hello world

435 пораки 596 лајк

Кој да го направи? Програмерот кој завршил одвај 6та година Финки и се вработил преку чичко му од партија со некоја си 450/500еу плата? Коа ќе почнат да вработуваат квалитетен кадар без врски тогаш ќе имаат нешто квалитетно.

Е, ова. Не е проблемов научна фантастика, туку неспособни менаџери и девелопери.

одговори 1 Like

Глупав

IQ=IQ+1

1,538 пораки 1,038 лајк

Реално гледано целиот систем е назад...
Дефрагментација сеуште на системите место веќе да се стремиме кон decoupling на целосниот систем.... (ова претходноо треба повеќе време да се објасни, па и достигне)...

Доколку веќе сме во НАТО (не мешам политика, туку доловувам поента) и се доверуваме како на нивни сервиси па и стандарди за безбедност сосема е доволно за да прифатиме Cloud начин на поставеност на дигитализација, а не On-Prem (да не зборувам дека единствено Cloud , читај AWS, го зачува Украинскиот систем на информации)...
Со експертиза секако ќе има и заштита како на GDRP (по европски) така и на било што што е од значај државен информација...
Па нели се стремиме кон Европа а немаме доверба на Cloud сервиси кои се наоѓаат на нивно тло и ригорозно се држат до закони на Европска Унија...

Впрочем доколку не е тоа реално решение еве поскапо ама според мене (скоро па) исто решение...
Нека преговараат надлежните со Cloud Providers па нека нпарават еден Реон тука како што Америка има за GovCloud....

Се додека не се поделени Организационо (што би се рекло во термин на AWS) целиот систем државен (почнувајќи од позиција, па до опоцзиција) на Cloud accounts (со соодветна ротација на избори) сѐ до тогаш ќе нема траспарентност, а ќе има корупција (ова повеќе како решение за моменталната состојба како Дигитална така и Реална, кој сака може да поразговараме за идејата)

Процесот е мактрпен и мноогу долг, како и ресусрсно многу обемен, меѓутоа колку порано се почне до толку подобро за Нас како Македонци...

И се разбира, Благодарност што воопшто некој му текнало за е-Општество кое секако треба да чекори напред!!!

Мислењето е автоматски споено:

Е, ова. Не е проблемов научна фантастика, туку неспособни менаџери и девелопери

не сум видел до сега неспособен developer,
или е developer
или не е ,

единствено може да го стаиле на позиција кај што не ја познава темата
за разлика од тоа што му е екпертиза...

одговори 4 лајкови

petkotrajko

poweruser

2,520 пораки 2,976 лајк

Реално гледано целиот систем е назад...
Дефрагментација сеуште на системите место веќе да се стремиме кон decoupling на целосниот систем.... (ова претходноо треба повеќе време да се објасни, па и достигне)...

Доколку веќе сме во НАТО (не мешам политика, туку доловувам поента) и се доверуваме како на нивни сервиси па и стандарди за безбедност сосема е доволно за да прифатиме Cloud начин на поставеност на дигитализација, а не On-Prem (да не зборувам дека единствено Cloud , читај AWS, го зачува Украинскиот систем на информации)...
Со експертиза секако ќе има и заштита како на GDRP (по европски) така и на било што што е од значај државен информација...
Па нели се стремиме кон Европа а немаме доверба на Cloud сервиси кои се наоѓаат на нивно тло и ригорозно се држат до закони на Европска Унија...

Впрочем доколку не е тоа реално решение еве поскапо ама според мене (скоро па) исто решение...
Нека преговараат надлежните со Cloud Providers па нека нпарават еден Реон тука како што Америка има за GovCloud....

Се додека не се поделени Организационо (што би се рекло во термин на AWS) целиот систем државен (почнувајќи од позиција, па до опоцзиција) на Cloud accounts (со соодветна ротација на избори) сѐ до тогаш ќе нема траспарентност, а ќе има корупција (ова повеќе како решение за моменталната состојба како Дигитална така и Реална, кој сака може да поразговараме за идејата)

Процесот е мактрпен и мноогу долг, како и ресусрсно многу обемен, меѓутоа колку порано се почне до толку подобро за Нас како Македонци...

И се разбира, Благодарност што воопшто некој му текнало за е-Општество кое секако треба да чекори напред!!!

Во врска со: Реон тука како што Америка има за GovCloud...., нели имаме и ние некој објект во близина на Прилеп, изграден во скоро време (пред 2-3 години), кој требало да служи за заштита и копија на дигитални податоци од осетлив карактер?
За ова сега скоро дознав, читав по весниците, ко беше нападнат и паднат системот на ФЗОМ, па не функционираше ни мој термин, ниту па во здравство можеа да земат плата (беше тоа поврзано со некој рансомвер).

одговори 1 Like

Oktar

Хаќер без дрон

6,179 пораки 18,805 лајк

одговори 2 лајкови

click to expand...

не ме цитирај Петкотрајко во иста реченинца со ransomware, како прво

имено што и да има во Прилеп доколку е-Дневник е таму тоа очигледно не функционира
и доколку ФЗОМ е таму очигледно им треба повеќе експертиза

ама очигледно ФЗОМ не е поради тоа што целиот тим кога го гонеа за изјава беше во канцеларии по Скопје

меѓутоа повеќе темата е придобивките од Cloud Computing како што гледам отколку било која друга тема...

Мислењето е автоматски споено:

со сета почит Октар ама ако не се зеле технологии од AWS или Azure тоа е само уште еден on-prem Центар и ништо повеќе, Архива некој вид...

одговори 1 Like

click to expand...
petkotrajko

poweruser

2,520 пораки 2,976 лајк

не ме цитирај Петкотрајко во иста реченинца со ransomware, како прво

Добро.

одговори 1 Like

Глупав

IQ=IQ+1

1,538 пораки 1,038 лајк

software или функционира или не
нема потреба да се менува на секои пет години освен ако шминки се во прашање
(на што трбеа да има постојана работа)
ако е добро дизајниран од почеток (со прилично популарен јазик)
може да има функција со години и години...

е сега ако hardware е во прашање, не треба да се чека да се сожали Европа, па Држава да инвестира во него...
тоа е како да ти купиле кола пред 10 години родители
и сега ти со фамилија чекаш пак да се сожали некој и да ти купи нова кола...

затоа најмудро е :
пројдоја годините на инвестиции по on-prem (стара дизел кола колку и да ја шминкаш)
и време е на MS и Amazon (нова Tesla која ја зимаш на лизинг и ја менуваш кога сакаш со нијанса малку поскапа цена од дизелот)

одговори 3 лајкови

click to expand...
Borsa

user

1,183 пораки 907 лајк

Системот не се одржува со годнини и затоа е таков никаков. Битно 500к евра се дадени за нешто што не функционира. И чисто информативно фирмата Сорсикс е креатор на е-дневник и е-здравство.

одговори 2 лајкови

Глупав

IQ=IQ+1

1,538 пораки 1,038 лајк

Системот е одреден од МИОА,
е сега колку сме кадарни да штедиме за да инвестираме постојано е сосема различна работа;
исто така различна работа е колку сме кадарни да вработуваме привремено или постојано
луѓе кои се во тек со настаните, (па да не "ни се подудара" со ЕГО итн)

одговори Лајк

Comments are closed.

Мени
Заедница
Изглед
To top