1 коментар 2 мин. читање 4 јули, 2018

Македонија доби ИКТ центар за опоравување од катастрофи

Република Македонија започна со изградба на ИКТ Центар за складирање и заштита на податоците. Станува збор за центар кој ќе се користи во непосакуван случај на катастрофа.

Објектот се гради во Општина Прилеп, а со него ќе управува Министерството за внатрешни работи.

Системот треба да обезбеди нормално функционирање и зачувување на податоците во сите услови. Без разлика дали станува збор за природна катастрофа или последица на човечки фактор. Центарот ќе биде замена секогаш кога примарниот информатички систем поради некоја причина е офлајн.

Дополнително, системот ќе се користи како резерва за чување на податоци.

„Центарот ќе биде back-up (резервна база) за клучните, витални информациски системи во земјава и ќе гарантира дека тие ќе функционираат доколку од какви било причини е загрозена работата на примарниот информатички систем и исто така ќе ги зачува податоците во случај на природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор“, објавија од Владата.

Изградбата на центарот ќе биде финансирана од претпристапната помош на ИПА фондовите. Од ИПА фондовите влегуваат 3,25 милиони евра, а од Министерството за внатрешни работи 150 000 евра

Крајот на изградбата на објектот е закажан за крајот на оваа година.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top