1 коментар 2 мин. читање 13 јуни, 2023

Зголемете ја резолуцијата на вашите слики со SuperImage

Без сомневање, SuperImage е феноменална апликација која на корисен начин ја користи вештачката интелигенција за да ви помогне да станете попродуктивни и брзо и квалитетно да ја зголемите резолуцијата на фотографиите.

Преку користење напредни Real-ESRGAN алгоритни и MNN длабоко учење можете да вметнете каква било фотографија, особено доколку фотографијата е во многу лош квалитет, и истата да ја трансформирате во многу поквалитетна алтернатива.

SuperImage не се одликува со бројни опции, но она што го има работи на, па, магичен начин! Можете да ја зголемите резолуцијата на сликата за четири или за шестнаесет пати, а форматот кој ќе ви биде понуден може да биде сочуван или во png или во jpg.

Процесирањето се извршува во вашиот телефон, а тоа значи дека не морате да ги поставувувате фотографиите онлајн, па потоа истите да ги преземате. Но, процесирање на одредени фотографии знае да потрае многу, и до 20 минути. Сепак, на мислење сме дека резултатите знаат да ја оправдаат таа цена.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
zipter
zipter
3 years ago

Има и виндовс верзија https://superimage.io

Мени
Заедница
Изглед
To top