ФИНКИ стартува своја Facebook страна
По првичниот Twitter профил, новиот факултет за информатичка технологија стартуваше и свој Facebook профил.
По првичниот Twitter профил, новиот факултет за информатичка технологија стартуваше и свој Facebook профил.
Шнајдер е нова .мк апликација за Facebook која ќе биде продавница за маици чиј дизајн е креиран од македонските дизајнери и корисници. Моментално е во тек натпревар за најдобар дизајн, 10 најдобри дизајни ќе влезат во продавницата. Предизвикот трае до 5-ти април, кога е и официјалното отварање.
Наспроти промовирањето на Македонија како информатичко општество, воведувањето биометриски систем на идентификација и постоењето на стотици сајтови на министерствата, владините агенции и на низа други државни институции, обичниот граѓанин сé уште не може на едноставен начин онлајн да добие информација од нив, пишува Бисерка Велковска-Блажева.
Наместо да се стартува веб сајт, како што направија конкурентите, Купуваме.мк стартуваше Facebook апликација преку која се нудат дневни зделки и попусти за групно купување.
За 24 часа Firefox 4 е симнат 7.1 милиони пати. Ова е скоро три пати повеќе од симнувањата на неодамна објавениот Internet Explorer 9 со 2.3 мил. за 24 часа, но и за 1 милиони покусо од претходниот рекорд од 2008-ма кога Firefox 3 се симна околу 8 милиони пати за 24 часа.
Сајтот на скопската автобуска станица - sas.com.mk - е еден од ретките сајтови кои можеа да ве остават без зборови кога ќе го отворите... прво си мислите дека лошо е вчитан, за потоа да прснете во смеење кога ќе ги видите двата автобуси кои поминуваат.
Алатката за споделување локација Facebook Places сега е активирана и за македонските корисници да можат да се чекираат, односно да тагираат места на Facebook кои ќе си добијат своја страна која ќе може да се едитира со слики и информации.
Foursqaure станува се поатрактивен за македонските бизниси. Се почесто кога корисниците споделуваат локација можат да ги приметат сугерираните „специјалните понуди близу вас“ од локални .мк бизниси.
Политиката за слободен софтвер ќе треба да воведе правила за набавки, препораки и мотивација да се користи слободниот софтвер низ сите државни и јавни институции. Текстот веќе е спремен од експертите и сега се стартува со јавни расправи, кои ќе се одржат од 14-ти до 22-ри март во Тетово, Штип, Скопје и Битола, со цел да се чујат други препораки и мислења за што треба да се додаде и досреди со цел да се добие национална политика креирана од и користена од самите корисници. По јавните дискусии НПСС ќе биде доставена до Владата со цел истата да се усвои.
Победник на последниот Codefu Shortest Solution натпреварот е Бојан Костадинов, кој исто така учествуваше и на IEEExtreme, каде со екипата го освоија 4-то место во конкуренција со екипи од целиот свет.
Еве една интересна информација. Македонскиот забавен портал Tocka.com.mk достигна 1.8 милиони посети во февруари, вкупно 314.886 уникатни посетители, според нивните Google Analytics.
Двата оператори Vip и One имаат остри забелешки за нелојална конкуренција за тендерот со кој Владата го избра T-mobile како оператор за јавната администрација.
Мобилната телефонија, па автомобилската индустрија се водечките индустрии кога се работи во рекламирањето со веб медиуми. Најголемо рекламирање е забележано во ланскиот април кога се потрошени 10.70% од 1.280.438 евра од бруто буџетот за рекламирање во 2010-та, покажува истражувањето на Httpool Macedonia и Ipsos Strategic Puls. Поделено според веб медиумите, дури 66.82% се забавни портали […]
Ако има популарен локален настан, тогаш очекувајте да има и дискусија на друштвените мрежи, посебно на Twitter каде има се повеќе македонски твитерџии кои секогаш започнуваат интересни дискусии со секогаш забавни коментари, секогаш со огромна доза на хумор и сатира.
Новиот систем за интероперабилност меѓу државните институции има за задача да ја намали бирократијата, да ја зголеми координацијата помеѓу институциите со цел на побрза и поефикасна размена на електронски податоци.
<Надополнето>Текстот е надополнето со објаснувањата за новиот дизајн од Јуруковски Љупчо, заменик уредник на On.net.mk. Првиот .мк забавен портал, кој постои од 2000-та, On.net.mk го стартуваше својот нов дизајн, за кој вели дека „во душа останавме исти... само имаме нови цицки“.
Младинскиот образовен форум стартуваше ново интернет радио кое продуцира и споделува музички и информативни содржини кои се достапни на www.radiomof.mk.
Наскоро ќе стартува уште еден .мк сервис за групно купување. Тоа може да се заклучи од профилот на Купуваме.мк, кој е ептен тазе проект. Нивниот Facebook профил кој што е отворен само пред 13-ти февруари, односно пред само десет дена. На профилот има кратко видео и објаснување за што е сервисот, и инфо дека се […]
Македонската Foursquare заедница организира обид за Swarm значката за која е потребно да се соберат 50+ луѓе на едно место. Собирот ќе се случи меѓу 13 и 16 часот во ТЦ Рамстор во сабота, на 26.02.2011, а е организиран од 365.com.mk од чиј профил почна и дискусијата за да се собере значката.
Друштвените мрежи се ново интересно поле каде компаниите и брендовите можат да си играат, да креираат интерактивни кампањи и да комуницираат со потрошувачите.