Таа во својот текст во Нова Македонија пишува за како македонските страни остануваат празни. Сајтовите имаат информации на нив, пример некои основни информации, но од нив многу малку се всушност корисни за граѓанинот, а често самите .gov.mk страници не се ажурираат редовно, па недостасуваат и значајни вести на нив. Кога зборуваме вести и нови информации тоа не се ситуациите кога се сечат ленти.
„Освен за оние услуги за кои е потребно лично присуство, како што е земање биометриски податоци при подготовка на лични документи, за сé друго интернет-страниците треба да понудат комплетна замена за шалтер или за телефонски контакт. За жал, во Македонија државните институции се далеку од овој идеал.“, вели Филип Стојановски од Метаморфизис.
Пример за некорисен сајт е тој на Министерството и на Фондот за здравство, бидејќи, пишува Бисерка, „не може да добиете информација дали и колку се покрива одредена тешка операција или сложено лекување со здравственото осигурување“. Дури и да саката да проверете лек на позитивна листа не можете да најдeте соодветна информација за лековите.
„Повеќето сајтови на државни институции покажуваат добра волја за контакт со граѓаните, но потфрлаат при реализацијата. Речиси на ниеден сајт не се објавуваат јавно поплаките и прашањата на посетителите ниту, пак, одговорите, иако во принцип треба да се јавни. Таму, пак, каде што се објавуваат јавно, одговорите се речиси бескорисни. Многу често се случува одговорот да упатува на истата страница на која веќе се наоѓате, на телефонски контакт или да пренасочува кон друга институција, каде што ќе треба да поминувате низ бирократскиот процес одново.“, пишува Бисерка.
Целиот текст, во кој коментира и Дамјан, уредникот на It.com.mk, ќе го најдете на сајтот на Нова Македонија.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.