Наскоро ќе стартува уште еден .мк сервис за групно купување. Тоа може да се заклучи од профилот на Купуваме.мк, кој е ептен тазе проект. Нивниот Facebook профил кој што е отворен само пред 13-ти февруари, односно пред само десет дена. На профилот има кратко видео и објаснување за што е сервисот, и инфо дека се очекува да стартува наскоро.
Купуваме.мк е сличен сервис како Grouper, Kolektivа и Грабни попуст. Отварате своја сметка на сервисот кој нуди дневни попусти, и доколку сте заинтересирани за некој продукт чекате да се соберат доволно број корисници за попустот да стане успешен. Ако се пријават доволно број луѓе, тогаш супер, имате голем попуст. Ако нема доволно заинтересирани, тогаш попустот е неуспешен и ви се враќаат парите.
Групното купување во Македонија се покажува дека има огромен потенцијал. Веднаш по стартувањето Grouper и Колектива забележаа огромни побарувачки за купоните. Истиот успех продолжува со над стотици луѓе кои ги искористуваат попустите. Неуспешните понуди се ретки.
[youtube]s2qpVCdC7Ww[/youtube]
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.