5 коментари 1 мин. читање

Firefox 4 симнат 16 мил. пати за 2 дена, 18.000 пати во Македонија…

Во моментов, скоро два дена од објавувањето, Firefox 4 е симнат над 16 милиони пати. Симнувањата уште продолжуваат, најверојатно додека го читате текстот бројката веќе е сменета, и ќе биде интересно да видиме колку корисници ќе ја симнат новата верзија, која е најпопуларна во Европа каде е симната скоро 7 милиони пати, додека во Северна Америка е симната 5 милиони пати.

Во Македонија пак Firefox 4 е симнат околу 18.000 пати. Интересно најмногу од Карпош (претпоставувам дека е Скопје) околу 8.500 пати, потоа следи Other, па Битола, Прилеп, Охрид, Велес… Крушево е последен на листата со само 15 симнувања на Firefox 4.

Во светот има 400 милиони корисници на Mozilla Firefox. Независно од бројката, некои корисници се преклопуваат, Firefox има околу 30% удел од глобалниот пазар. Конретно во Македонија има над 50%, додека зад неа е Chrome со околу 40+ отсто од .мк пазарот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top