Што ве натера да направите редизајн?
Ние добри си бевме, само интернетов нешто многу се запна и ептен напред отиде, па моравме и ние по него. Освен редизајнот, треба да се спомне и дека комплетно го променивме CMS-от и веб серверите (сега сме на NGINX + Apache). Во новата верзија на сајтот додадовме и серија можности и опции, кои читателите полека ќе почнат да ги откриваат. Плус, тука е и редизајнот на нашите “странични” сервиси како речник, офлајн календар, веб катапулт, bookbox и слично. Во основа ќе беше глупо да ги правиме промените што ги планиравме а притоа да не смениме се од корен.Решивме да се пробаме со „опен-сорс.” Меѓу четирите главни кандидати, одлучивме да му дадеме шанса на Друпал и да видиме што може он да ни понуди. Во основа платформата нè ќари на големината на заедницата, понудата на модули и тоа што знаеме луѓе што работат Друпал :).
Новиот сајт е основан на Drupal CMS и е редизајниран врз три дела. Првиот од лево колона е местото за вести, средната колона е место за разните категории како „Web катапулт“, „Набрзина“, игрици… додека последната, најдесна колона ги содржи македонштината и балканштината. Долниот дел е со галерии и вести од други сервиси, jukebox, временска прогноза… Погледнете ја мапата за да ги најдете каде се сите елементи.
Покрај преместените елементи, најприметливо за On.net.mk е истакнување на друштвеното споделување, односно има Facebook и Twitter копчињата на секој текст. На стариот дизајн овие две мрежи беа дел од една Share опција на крај на текстот. Дополнително, On.net.mk се приклучи и на Twitter. Порталот нема страница на Facebook, сега за сега.
Интересна новина е што читателите сега ќе можат да коментираат под текстовите. Во своето долгогодишно работење мислам дека ова е првиот пат кога On.net.mk дозволи коментирање на текстовите.
И коментарите работат. Четворицата хендикепирани | Он.нет http://t.co/IVy2CX4
Ова е прв пат On.net.mk да има коментари под текстови?
Коментарите ни беа една од најголемите дилеми. Имаше многу причини зошто да не го направиме тоа, ама имаше и причини за. Тие ќе бидат достапни само за статиите за кои ние ќе ги пуштиме. Целиот систем ќе работи на DISQUS платформата која би требало да ни помогне во решавање на спамот и непосакуваните коментари.
Видов има Twitter профил, а дали ќе има и Facebook страница?
Секој има различен пристап во работата со социјалните мрежи. Ние сметавме дека ако решиме по таа основа да се поврзуваме со публиката дека тоа треба да го направиме поштено, а не само профилот / ФБ страната да ја претвориме во уште еден РСС фид. Идејата на овие мрежи е да се изгради “врска” со корисниците, ние ќе пробаме па ќе видиме каде ќе стигнеме. Фејсбук страницата следува, само претходно малку да ни легне целата работа и да го стабилизираме новиот сајт.
За потсетување еве како изгледаше стариот и долгогодишен Oн.нет.мк:


Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.