Но, не ако сте македонски потрошувач. Македонските компании се уште се резервирани кон друштвените мрежи, не заради што ќе добијат лош публицитет или критики, туку бидејќи не знаат што и како да работат на нив. Токму таков пример се случи на Social Media Daily конференцијата за како да се искористат друштвените мрежи за маркетинг, која се одржа во петок, 18 февруари, во Скопје.
Имено, еве твит кој демонстрираше како една .мк компанија која, иако се активира, сепак одбива да ја прифати отвореноста на друштвените мрежи.
@TMobileMK долго време беше приватен профил на јавниот, отворен-за-комуникација Twitter, се додека твитот не се појави на сцената прикажан на Twitter ѕид во кој гледаа сите посетители на конференцијата. T-Mobile беа главниот спонзор, па срамот и стравот да бидат погрешно презентирани донесе инстант реакција, односно доведе до ова:
Овој пример е перфектен за да ја сумира Social Media Day конференцијата на која се зборуваше за искористување на друштвените, социјални медиуми за да се промовира брендот и компанијата.
Секоја компанија мора да се прилагоди на ситуацијата, на новите трендови, на новите комуникации. Мора да се разбере дека друштвените мрежи се отворена интеракција со корисникот, или подобро кажано потрошувачот, и мора да се знае дека таа комуникација мора да биде отворена и искрена бидејќи е потребен само еден твит да стартува вирално и да се добија толку критики колку потенцијални пофалби.
„Корисниците се движат се побрзо и побрзо, додека компаниите се движат поспоро.“, вели Стивен Ван Белгехем, експерт за друштвени маркетинг кампањи и ѕвездата на Social Media Day, зборувајќи за како компаниите мора да бидат похрабри и поотворени во интеракцијата со корисниците, гледајќи на друштвените мрежи не како непозната територија, туку како потенцијално место за промоција на брендот.
Претставувајќи куп разни студии на случај, за како други компании ширум светот го искористуваат „word of mouth” или зборот за да си го рашират својот дофат, г. ван Белгехем спомена интересен пример како денес можете да влезете во банка, да ги прашате банкарите за каматните стапки и кредитите, и во ист момент да го постирате тоа на Twitter или LinkedIn или Facebook и да добиете одговор од стотина други корисници кои веднаш во скоро реално време ќе ви дадат информации за другите банки, ќе споделат корисничко искуство и ќе ве информираат.
Тоа што е интересно, е не количеството и брзината на информацијата, туку што ќе направи банкарот во тој случај?
MK community awareness still low.just listening coversations around me during #smdmk
Денес, ако компанијата или бренд не е на друштвените мрежи, или како примерот погоре, ги користи затворено, тогаш ја губи комуникацијата со корисникот. А без комуникација нема ни шанса да се изгради квалитетно корисничко искуство кое потоа ќе биде споделено меѓу другите потенцијални клиенти.
Но… треба да се разбере дека едноставната комуникација е само почеток кон градење на брендот на веб. Следниот чекор е правилната интеракцијата, промоцијата користејќи ја виралноста на мрежите, спремност да се одговори на критиките кои верувајте ќе ги има, да се следат трендови, да сте еден чекор пред корисниците, да вие, брендот, го наметнете трендот, да…
Сево ова е скоро непознато за голем дел од .мк компаниите. За ова говори фактот дека на долгочасовна конференцијата за друштвени мрежи не се ни споменаа локални примери за истакнување или критика за друштвени веб активности на .мк компанија, освен погорниот Twitter пример кој беше спонтан.
Но, време е да се почне. Секако, ќе има #mkfail-ови, тие се неизбежни, но ќе има и #mkwin приказни.
[…] This post was mentioned on Twitter by itcommk, davidovski p and davidovski p, Andrej. Andrej said: Кoга .мк брендовите ќе започнат со друштвената интеракција? http://t.co/oATuxpB via @itcommk […]
Suoer bese :)