Google го купи Like.com, визуелниот шопинг пребарувач
Moжно ли е наскоро да видиме визуелни реклами на Google.com? Интернет гигантот го купи Like.com кој е визуелен пребарувач на разни шопинг предмети, од женски чевли до накит и продукти за здравје.
Moжно ли е наскоро да видиме визуелни реклами на Google.com? Интернет гигантот го купи Like.com кој е визуелен пребарувач на разни шопинг предмети, од женски чевли до накит и продукти за здравје.
Програмерите сега ќе можат да ги закачат своите апликации на Chrome продавницата за апликации, да експериментираат со нивното пакување и инсталација во Chrome како и да се запознаат со платежниот систем на Google и инфраструктурата за автентичност.
Еден ден младите луѓе ќе треба автоматски да можат да си го променат името за да се скријат од минатото зачувано по пријателските профили на друштвените мрежи, вели директорот на Google, Ерик Шмит во интeрвју за Wall Street Journal.
Google ги претстави од Chrome на Phone додатокот со кој инстантно праќате линкови, YouTube видеа, мапи од прелистувачот на вашиот Android 2.2 (Froyo) телефон. (наjaвен е и oд Chrome на iPhone)
Полека, но сигурно, Google започнува да си го гради тимот кој би требало да ја креира GoogleMe друштвената мрeжа и да му конкурира на Facebook. Купувајќи ja Slide, компанија која креира друштвени игри за различни платформи, Google покажува уште еднаш, покрај инвестициите во Zynga, дека игрите и забавата ќе бидат важен аспект од новиот друштвен проект.
Ние пробуваме нешта, вели директорот на Google, Ерик Шмит одговарајќи зошто Google Wave не успеа. Продуктот кој беше платформа за комуницирање во реално време и кој само пред една година беше неверојатен хит на интернет, заврши неславно - Google го изгаси комплетно велејќи дека ќе го сочува кодот да им се најде за некои идни продукти.
GoogleOS блогот пишува дека Google постемено го стартува новото мулти-логирање. Опцијата овозможува да се логирате со повеќе профили преку истиот прелистувач. Пример, да си отворите личен Gmail и тој што го користите службено. Мулти-логирањето ќе може да се употреби за Gmail, Google Calendar, Reader, Docs, Google Sites и Google Code, но се очекува да бидат додадени и останатите сервиси.
Google ги стартува визуелни мобилни реклами со локација за Android и iPhone. Доколку кликнете на рекламите се отвора мапа која покажува каде се наоѓа бизнисот и на мапата има два избора: дирекции до бизнисот или повик кон бизнисот. Google ќе наплаќа само доколку некој кликне за дирекции или се јави кон бизнисот.
Google има неверојатни 98.29 отсто од глобалното мобилно пребарување, покажуваaт најновите бројки на StatCounter. На второ место е Yahoo со 0.8 отсто.
Ако на интернет пребарувате Бостон, ќе добиете линкови до американскиот град, но можеби мислите на бендот. Проблем е што еден збор значи многу работи, oбјаснува Metaweb, стартапот од Сан Франциско кој е најновата аквизиција на Google.
Неодамна Google ја претстави Blogger Template Designer, навистина кул и лесна алатка со која секој може да си го персонализира дизајнот на блогот на Blogger платформата.
Google стартуваше бесплатен софтвер, Android App Inventor, со кој секој може лесно да креира Android апликации без да мора да знае како се програмира.
Сите Google сервиси од како Gmail до Blogger ja добија опцијата за детектирање на сомнително логирање со цел да ги спречи злоупотребите на Google профилите. Доколку се детектира сомнително логирање Google ќе го извести корисникот со порака на Dashboard-oт.
Наидов на добра графика на PPCblog.com која објаснува скоро комплетно како функционира Google, од внесување на терминот кој се пребарува до како интернет пребарувачот ги пребарува сајтовите и детали за неговите дата центри.
YouTube не е крив за сите видеа на сервисот кои се закачени од корисниците, а кои ги прекршуваат авторските права на Viacom, пресуди американскиот федералниот суд.
Минатата недела во текстот "Анти-вувузела мерки" објаснив за неколку мерки со кои би можеле да го намалите или целосно избегнете звукот на досадните вувузели кои станаа главна тема на светското првенство во Јужна Африка.. Покрај мал милион Flash игри, Facebook групи, посебни сајтови и петиции со кои се бара забранување на вувузелите, денеска се огласи на оваа тема и Google, со тоа што на YouTube објави опција со која ќе можете при гледањето на било кое видео, да "уживате" во звукот на вувузелите.
Пред само месец дена, на I/O конференцијата Google го претстави својот најнов проект, Google TV, со кој планира да ја поврзе телевизијата со интернетот. Денеска, Google објави уште едно видео каде што го објаснува концептот и начинот на функционирање на овој сет...
Caffeine нуди 50 отсто посвежи резултати од интернет пребарувањето од претходниот индекс, вели Google додавајќи дека „дали се работи за вести, блог или форум пост сега ќе најдете линкови до релевантна содржина многу побргу откако ќе е објавено.“
Google овозможи да си ставите своја слика како позадина на почетната страна на Google.com. Персонализацијата е доста ефикасна. Ставете си слика од маче, женска, автомобил, Ѓоко Танески, вие во кафана... :) со своја лична позадина Google дефинитивно изгледа поинтересно.
Google им забрани на своите вработени да користат Windows. Гигантот е загрижен за безбедноста, после инцидентите со кинеските хакери, по што го забрани популарниот оперативен систем предлагајќи им алтернатива на новите вработени - или Mac OS или Linux, пренесува Financial Times.