Оваа опција која ви ја детектира гео-локацијата според IP адресата прв пат беше преставена на Gmail во март, пред три месеци. Инспирирани од измамите каде криминалците го крадат профилот и потоа бараат пари лажно преставувајќи се на пријателите на жртвите, инжинерскиот тим на Gmail воведе опција да го извести корисникот доколку се примети сомнителна активност на неговиот профил.
Опцијата е едноставна. Ако нормално се логирате на Google сервисите од Македонија и Google забележи логирање пример од Калифорнија ќе ви прати предупредување со опција за брзо менување на лозинката или да видите повеќе детали за логирањата.
Но единствениот проблем е што иако е за сите Google сервиси сепак за да ги проверите логовите мора да отидете на Google Dashboard.







