„Утринава приметив дека моите Google резултати се центрирани на среде на страната. Пладнето приметив дека не ни треба да кликнам на ‘Search’ копчето – Google ги апдејтира резултатите додека куцам.“ вели г-дин. Осбеј.
Google потврди на TechCrunch дека ја тестираат оваа опција на рандом одбрaни корисници, но не се знае дали е конечен продукт. Според блогот најголемиот проблем со ваквото пребарување во реално време се рекламите, дали секое прикажување додека се куца ќе се води како импресија. Во секој случај изгледа интересно.