Написи тагирани со дискусија

53 написи
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Хардвер

Царинска тарифа за електронска опрема

Со оглед на тоа дека многупати се повторува истото прашање, во врска со колку се царинските стапки за внесување на електронска (и друг вид на) роба во Македонија, решив да ги поставам тарифните информации достапни од страната на Царината, во еден едноставен формат, вели Krale на форумот постирајќи го релевантниот и скратен дел за компјутерска опрема од 960-те страни на царинскиот водич.

2 коментари Прочитај 3 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

AMD FX се враќа

Има најава дека AMD ги враќa FX процесорите кои овојпат ќе ја имаат новата Bulldozer архитектура, што може да ги направи конкурентни на Intel-oвите процесори. Како и секогаш, веста привлече доста интересни дискусија од хардвер ентузијастите на форумот.

0 коментари Прочитај 3 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Српскиот форум Burek надмина еден милион членови

Секој седми србин е член на форумот Burek, доколку се спореди нивната бројка на членови според популацијата на Србија. Ова е неверојатно достигнување за деветгодишниот форум каде се информира и дискутира за сите можни теми поврзани со секојдневието во Србија и светот.

0 коментари Прочитај 27 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Хардвер

Најдобри 10 уреди на 2010, според магазинoт Time

Time магазинот објави листа на најдобри уреди на 2010 година. На првото место е iPad-от кој беше една од причините и за Financial Times да го прогласи Стив Џобс за визионер на годината. Потоа следува Samsung Galaxy S, трет е Мacbook Air.

0 коментари Прочитај 25 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Најдобрите .мк твитерџии на 140.мк наградите

На не-толку-официјален #tweetup или собир на твитерџии во Кафе Ли во Скопје, се прогласија неколкуте победници во неколкуте категории на 140.mk Twitter наградите. Сите победници добија симболични награди, кои беа донирани од неколку компании, а „Оскарот“ беше во форма на варено јајце со налепница која ја означуваше категоријата во која победиле.

4 коментари Прочитај 23 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

nVidia GTX 570 vs AMD 6950/70

nVidia ја објави својата нова графичка картичка GTX 570. Во исти период и AMD ja објави својата Radeon 6950 и 6970 графички картички. Прашањето сега е која е подобра? На форумот има одлична дискусија меѓу хардвер ентузијастите кои споделија одлични рецензии, споредија цени и перформанси на двете картички.

0 коментари Прочитај 20 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

Надополнето: Големиот брат ќе прислушува само со судски налог

<надополнето 15.12.10> Уставниот суд ги одби промените на Законот за електронски комуникации, односно ги поништи петте одредби кои и даваа моќ на полицијата да прислушува без судски налог. Одбиени се петте измени на член 4 (точки 47 и 48), член 112 (ставовите 7 и 8), член 114 (ставовите 7, 8 и 9), член 115 и […]

11 коментари Прочитај 16 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Дали би платиле за оглас на .мк сајт за огласување?

Неодамна еден од најпопуларните .мк огласувачи Pazar3.mk започна да наплаќа за огласите кои до тогаш беа бесплатни. Оваа одлука на огласувачот наиде и на критики и на пофалби, па Goran123 на форумот објави таква тема за да ги чуе мислењата на корисниците.

3 коментари Прочитај 6 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

Се прогнозира пад на цената на мемориските чипови

Дали сте знаеле дека има берза на мемориски чипови? вели Gokica во пост за како http://www.dramexchange.com прогнозира ќе се движат цените на мемориските чипови. TechSpot пишува како трендот на паѓање на цените ќе продолжи заради економската законитост: голема понуда и мала побарувачка води кон пониски цени.

0 коментари Прочитај 30 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

„A1 опсада“ гледана преку друштвените мрежи

Се случи неверојатен инцидент со А1 телевизијата, заради се уште нејасни причини, но за да не навлегуваме во дневно политички теми како ИТ медиум, повеќе ќе прочитате по весниците.

21 коментари Прочитај 25 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

PayPal во Македонија во 2011?

Според некои балкански новини Pay Pal услугата за плаќање ќе биде достапна во Србија, и најверојатно во Македонија во 2011 година, постира Krkac.

2 коментари Прочитај 17 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Софтвер

Каква цена треба да има софтверот во Македонија?

Во Македонија софтверот е скап и поради тоа се пиратира. Пример, 110 евра за Windows Home edition, исто околу 7.000 денари за Office. Toa за некого е вредност на една плата, пари потребни за месечни студии... а треба и пари за друго парче сотфер, нели?

4 коментари Прочитај 1 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Софтвер

Macedonia Live Messenger – бесплатен македонски инстант комуникатор

Програмата е слична на Skype, Yahoo Messenger, MSN, но со дополнителни опции, вака е опишан Macedonia Live месенџерот кој е пуштен во употреба летово од страна на Teleks.com.mk.

10 коментари Прочитај 26 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Софтвер

Надополнето: Продолжува дискусијата за Национална политика за слободен софтвер

<Надополнето> Слободен Софтвер Македонија ја објави најновата ревизија на Националната политика за слободен софтвер. Ревизијата може да се најде на соодветниот блог каде секој заинтересиран корисник може да сподели идеја и да ја искоментира написот. Дополнителна дискусија може да се води на форумот на It.com.mk.</надополнување>

2 коментари Прочитај 21 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

Препорачајте Intel Core2Duo или Dual-Core процесор

На форумот хардверските дискусии се едни од најинтересните. Освен што објаснуваат за разните технологии, вредноста им е што споредуваат разни хардвер продукти кои можат да се најдат во македонските продавници. И на крај споделуваат корисничко искуство, кој која технологија ја пробал, која е подобра, која вреди за тие пари...

0 коментари Прочитај 18 октомври, 2010
Редакција
1
stole Блог

Мобилен IT.com.mk форум

Со цел да се дискутира, споделува и информира за се ИТ во секое време и секое место ја креиравме мобилната верзија на форумот на IT.com.mk.

3 коментари Прочитај 6 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Рецензии

FIFA 11, ја бива или не?

Се објави најновата FIFA 2011. Дали е подобра од претходната? Како ќе се спореди со Pro Evolution Soccer, која е пореална, позабавна, што има ново...? Тоа се прашањата на еден куп фудбал ентузијасти, прашања кои ги одговори Fiasco објавувајќи интересна рецензија на Fifa 11 на форумот.

2 коментари Прочитај 4 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

Брендирани компјутери vs склопување компоненти

Што е подобро? Да земете бренд компјутер или да составите еден според ваш вкус со разни компоненти? Оваа жешка тема ја стартуваше членот DigiSoft кој ги преферира брендираните ПЦ-ја. Дел се согласуваат, дел од членовите преферираат составување компоненти.

1 коментар Прочитај 9 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Дискусија за Firefox 4 бета

Се објави бета верзијата на Firefox 4 која носи промени во функционалноста како и комплетно различен изглед. Прелистувачот е достапен за симнување заедно со опција да испратите фидбек до Mozilla со цел да се добие конкретен и финален производ.

0 коментари Прочитај 15 јули, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Следете ги дискусиите од друштвените мрежи со Google

Светското првенство е при крај, а со тoа и дискусии на друштвените мрежи за фаворитите, за кој фудбалер го бива, а кој е тапа, за прогнози... но тоа не е причина да не се прегледаат старите и интересни дискусии, нели?

3 коментари Прочитај 9 јули, 2010
Мени
Заедница
Изглед
To top