3 коментари 2 мин. читање

Следете ги дискусиите од друштвените мрежи со Google

Google има доста интересна опција за следење на дискусиите на Twitter, Facebook, Buzz, МySpace. Сепак иако ги има постовите од неколкуте друштвени мрежи сепак твитовите се најважната алатка за информации бидејќи твитовите се јавни и Google може да ги прикаже сите Twitter пораки поврзани со пребаруваната тема. Google ќе ги прикаже само тие Facebook постови кои се обележани за споделување со сите.

Навраќајќи се на Светското првенство ќе го искористам тагот #svecko како пример на сликите. Тагот е прифатен од македонските Twitter корисници и сите дискусии поврзани со Мундијалот беа одбележани со него, со цел полесно да се организираат и најдат.

Отидете на Google.com, внесете #svecko или термин кој сакате да го пребарувате и кликнете Search. Откако ќе се појават резултатите од левата страна има мени со опции. Кликнете на Updatesи ќе ги добиете сите пораки од Twitter (и Facebook) тагирани со #svecko.

Горе над резултатите имате графикон со кој можете да пребарувате низ датумите и часовите и да ја следите дискусијата. Со тоа ќе можете да ја разгледате целата едно, и повеќе, месечната дискусија поврзана со првенството. Датумот и часот се одлични за анализирање на некој настан или кампања. Користење на Google пребарување може да се искористи од сите, индивидуални корисници и компании, за анализа на дискусиите поврзани со интересите или кампањите.

Google Updates исто така ќе ги прикаже и најновите постoви објавени во реално време.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top