Над 1 милијарда симнати Android апликации
Секоја секунда се симнуваат по стотина апликации од Android Store, a пред ден бројката стигна до 1 милијарда симнати апликации, според статистиката на AndroLib.
Секоја секунда се симнуваат по стотина апликации од Android Store, a пред ден бројката стигна до 1 милијарда симнати апликации, според статистиката на AndroLib.
Google стартуваше бесплатен софтвер, Android App Inventor, со кој секој може лесно да креира Android апликации без да мора да знае како се програмира.
Заврши првата фаза од Vip Android предизвикот на кој се пријавија 212 апликации. Се чини добрата награда беше мотивација за македонските програмери да креираат локални апликации. Освен најдобрите програмери и апликации, тие што ќе добијат највеќе се македонските корисници на Android платформата кои ќе можат да избираат од стотината апликации на македонски јазик.
Со 209 гласа Android е омилениот мобилниот оперативен систем на читателите на It.com.mk. Од 586 гласови Android доби 36 отсто или 209 гласа, и се најде пред iPhone ОС (сега iOS) кој доби 142 гласа односно 24 отсто, односно пред Symbian кој доби 114 гласа односно 19 отсто.
Yahoo објави Mail и Messenger апликации за Android оперативниот систем. Апликациите се бесплатни и достапни за симнување. Двете апликации ги имаат потребните опции, пример Yahoo Mail за Андроид e доста интересен визуелно со лесен пристап до инбоксот и пишување мејл, како и и директен пристап до Messenger-от.
Cius е Android таблет фокусиран за потребите на бизнис корисниците , вклучувајќи можности за видео конференции со 720p камера напред и 5 мегапикселна камера позади.
По одобрувањето од американската Федерална комисија за трговија, сега е официјално - Google се вклучи во мобилното рекламирање со купување на AdMob платформата за 750 милиони долари. Google вели дека мобилниот маркетинг зазема се поголем дел од стратегиите на нивните партнери и клиенти, па така таа станува централен дел од нивниот бизнис.
Facebook објави софтверски пакет за Android програмерите за да ja интегрираат друштвената мрежа во своите апликации. Преку SDK-то програмерите ќе можат да го искористат OAuth 2.0 протоколот за автентикација, ќе можат да објавуваат постови назад на Facebook преку Feed формите и ќе имаат пристап до новиот Graph API, што го прави Android првиот мобилен ОС кој го имплементира API-то.
Dell го објави 5 инчниот Streak таблет кој работи на Google Android кој е првиот од многуте вакви планирани продукти на Dell. Интересните карактеристики на Streak, малата големина и можност за телефонски повици, се наменети пред се за телефонот таблетот да биде лесен за користење додека се движите.
Додека продолжуваат расправите HTML5 vs Flash, Adobe објави мобилна верзија за својот популарен софтвер за мултимедија. Овој софтвер кој според Adobe го користат 75% од веб сајтовите, досега имаше само Lite, лесна верзија за мобилните телефони бидејќи на Flash му треба повеќе ресурси и ја троши батеријата.
Светската продажба на мобилни телефони достигна 314 милиони парчиња во првиот квартална 2010 година, 17 отсто пораст споредено со истиот период лани, според истражувањена Gartner.
Vip Android предизвикот е натпревар за креирање Android апликации. Сите девелопери од Македонија се поканети да учествуваат во натпреварот, а најдобрата апликација ќе добие 500.000 денари и HTC Desire мобилен телефон. Второто место ќе добие 150.000 денари и HTC Legend, а сите одобрени апликации од Android Store ќе добијат HTC Tattoo.
Nexus Оne e првиот телефон на Google со кој гигантот директно навлезе на пазарот на мобилни телефони. Благодарение на фактот дека телефонот е брендиран со логото на Google, Nexus One инстантно го доби вниманието на голем број медиуми и интернет корисници. Паметниот телефон е изработен од тајванскиот производител HTC и очекувано доаѓа со мобилниот оперативен […]
Square е апликација за трансакции преку мобилен телефон која од денес е достапна за iPhone и Аndroid. Идејата е едноставна. Вие сте во ресторан и е време да платите, преминувате со кредитната картичка преку малиот коцкаст читач закачен на мобилен телефон на трговецот, трансакцијата се процесира, се потпишувате на мобилниот, можете да го сликате тоа […]
Кој вели дека iPhone OS, Android и Windows Mobile не можат да се спојат? прашува девелоперот Steffest при тоа држејќи во рацете гитара составена од 5 паметни телефони: 2 Andorid уреди, 2 Windows Mobile уреди и eден iPod Touch. Секој телефон има своја музички базирана апликацијата, секоја поврзана со звучници кои се трупот на гитарата.
Google Goggles е апликација за Android 1.6+ мобилните телефони која користи слики за да го пребарува интернетот. Пример, во уметничка галерија сте, со вашиот телефон сликате уметничко дело и со помош на Goggles го пребарувате Google за историјата и авторот на делото.
На Web 2.0 Expo кој е моментално во тек во Сан Франциско, Аdobe претстави прототип на таблет PC кој што работи на Android и подржува Flash и Аir апликациите.
Google ја купи BumpTop Теchnologies Inc. компанијата зад BumpTop апликацијата која го претвара стандардниот десктоп во 3D работна табла на која фајловите ги следат физичките правила како да се документи на реална работна маса.
Холандската Layar ја стартуваше првата продавница за мобилни апликации со проширената реалност нудејќи им можност на девелоперите преку Layar Reality Browser да понудат платено искуство во проширената реалност на повеќе мобилни платформи како iPhone или Android.
iPhone Dev тимот успеа да го хакне iPhone и при стартување на телефонот, кој сега е dual-boot, се добива опција за избирање на оригиналниот Apple-ов iPhone оперативен систем или комплетно функционален Android, Linux базиран ОС, преку кој се праќаат СМС пораки и се вртат телефонски повици.