Nokia, Samsung и LG се уште остануваат на врвот со најпродадени мобилни телефони, додека RIM кои се производител само на паметни телефони за прв пат се искачија на четвртото место со 10 милиони продадени уреди во првиот квартал на 2010 година.
Од вкупната бројка, продади се 54.3 милиони паметните телефони, што е 49% пораст споредено со првиот квартал од 2009 година.
Symban паметните телефоните се уште се најпродавани на пазарот, со продадени 24 милиони уреди во првиот квартал од 2010 година, следени од RIM со 10.5 милиони продадени уреди, и iPhone ОС со над 8 милиони продадени уреди.
Android телефоните скокнаа на четвртото место на листата на паметни телефони, со 5.2 милиони продадени уреди, што е скоро десет пати повеќе споредено со првиот квартал од 2009 година кога беа продадени само 575.000 парчиња.