Сакате да добиете инвестиција за 6 месеци? Присуствувајте на WB Investment Readiness Startup програмот во Охрид

Стартап сцената во Македонија во последните година дена драстично се раздвижи – неколку македонски стартап приказни покажаа дека сцената е активна и подготвена за глобални предизвици. Само во изминативе 15 месеци, повеќе од 17 милиони евра се инвестирани во стартапи со македонска ДНК. Најголемиот дел од нив, околу 10.7 милиони евра доаѓаат од странски VC инвеститори, додека околу 3.6 милиони од домашни инвеститори, а удел во вкупниот износ од 3.6 милиони има и ФИТР.

Неколку од позначаните последни инвестиции локално се битолско-британскиот Native Teams со инвестиција од 2 милиони евра, штипскиот Pixyle AI во право време доби 1 милион евра, Howitzer – 460.000 евра, Microtica со 300.000 евра, Synapse Aviation – 200.000 евра и др. 

“Стартапите во Македонија и регионот покажуваат зрелост и предизвикуваат интерес. За сите оние кои креираат решенија и цел им се европскиот и глобалниот пазар сакаме да ги доближиме до можностите за финансирање на стартапи од фондови и ангел инвеститори од Балканот и од Централноисточна Европа.” – вели Игор Маџов, инвестициски директор и коосновач на NEST Group  и претседател на Startup Macedonia.

Како до инвестиција во 6 месеци?

Доколку имате стартап кој работи на свој технолошки продукт и размислува за добивање на инвестиција, препорачливо е да се пријавите на претстојната Western Balkans Investment Readiness Startup програма кој ќе се одржи онлајн и ќе овозможи во 2 месеци да се подготвите да презентираат во живо на настан во Охрид, на кој ќе присуствуваат повеќе од 30 VC инвеститори и голем број на акцелератори и ангел инвеститори од регионот и од Европа.

Програмата таргетира 2 групи на компании – оние кои се во многу рана фаза (pre-seed) и компании во рана фаза со лансиран продукт (seed). За првата категорија pre-seed компаниитe ќе се подготват како да ги привлечат првите надворешни инвеститори од расположливите акцелератори и ангел инвеститори со инвестиции во износ од 50.000 до 200.000 евра. Втората група е за стартапи кои се со веќе валидирани бизнис идеи и први клиенти и кои бараат посериозни суми за дополнителен развој и експанзија во износ од 200.000 до 2 милиони евра. 

WBIRSP е во ко-организација на стартап студио Nest, мрежата на ангел инвеститори од Југоисточна европа Keiretsu Forum и платформата за поврзување на стартапи и инвеститори Vestbee од Полска. Како подржувачи за Македонија и регионот се појавуваат голем број на локални актери од Македонскиот стартап екосистем

Програмата овозможува креирање на дигитален профил на една од најголемите платформи за инвестирање во Центрачноисточна Европа и директна комуникација со компании кои претходно успешно затвориле финансирање. Во програмата се вклучени 4 недели менторство од инвеститори и мастерклас предавања,  како и можност за добивање на посебни зделки од партнерски компании на Vestbee како AWS кредити, Stripe интеграција, OVHCloud услуги, Microsoft понуди и слично.

Во своето предходно издание во 2022 финалистите на програмата затворија над 3 милиони евра финансирање од локални и интернационални фондови, акцеларатори и ангели и истите заедно со експертскиот тим на NEST ќе помогнат преку размена на искуства со новата генерација на стартапи. 

Програмата завршува со избор на топ 20 компании кои физички ќе презентираат пред инвеститори на големата сцена а сите ќе добијат карта за учество на регионалниот MatchIn Summit во Охрид. Овој настан преставува многу повеќе од обична конференција и нуди можности за поврзување, претставување на стартапите со инвеститори, како и презентирање пред корпорации кои би можеле да бидат идните корисници.

Клучните критериуми по кои ќе се одбираат стартапите се: 

  • Структура на тимот: Посветеност и способност на тимот да ја изврши визијата.
  • Бизнис модел: Дали постои привлечен деловен модел и стабилен прилив на приходи?
  • Продукт: Дали компанијата има иновативна технологија/производ/услуга?
  • Пазар: Дали има јасна побарувачка за производот и големината на пазарот?
  • UVP: Колку е единствена севкупната понуда на стартапот?
  • Резултати: Кои се моменталните фази на производот, нафтоводот и партнерството?
  • Компатибилност: Дали компанијата е потенцијална погодна за ангажирани инвеститори

Кои се условите за да се пријавите?

  • Стартапот треба да развива технолошки производи во секторите: Бизнис и ИКТ, AI, Аналитика и Big Data, Fintech/Insurtech, Smart Home & City, Industry 4.0 и Proptech, транспорт и логистика, храна и агритехнологии, еко и оддржливост, здравје…
  • Основачките тимови на стартапите треба да се со седиште во Албанија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина или Србија.
  • Стартапот планира да го затвори кругот на финансирање во 3тиот  или 4тиот кватал  од 2023 година.
  • Најмалку еден стартап основач е подготвен во период од 4 недели да посвети по 1 час дневно и да учествува во програмата, менторството и мастер-клас предавањата.
  • Заинтересирани сте да презентирате во живо на форумот MatchIN и да разговарате за финансирање со над 50 инвеститори.

Рокот за пријава е до 3-ти април, така да не чекајте. За пријава, кликнете тука.

Придружете се на програмата и дознајте што е потребно за да се затвори инвестицискиот процес за помалку од 6 месеци!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk