Native Teams од Битола со инвестицијата од 2 милиони евра ќе го освојува светот [интервју]

Native Teams

На крајот на минатиот месец македонскo-британскиот стартап Native Teams кој го олеснува, менаџира и координира вработувањето и исплаќањето на тимови ширум светот објави дека добива инвестиција од 2 милиони US долари. Стартапот основан од британецот Џек Тхорогод и битолчаните Александра Митевска и Никола Бубевски, ги нуди своите услуги во околу 40 држави. Најголем дел од државите се лоцирани во Европа, но Native Teams неодамна го прослави влезот во Нигерија – прва држава надвор од Европа.

Најголем инвеститор во оваа рунда е бугарскиот Eleven Ventures. Во стартапот инвестираа и Fil Rouge Capital лоциран во Хрватска; Haatch Ventures од Обединетото Кралство; и Quake Capital од САД. Инвестицијата во Native Teams се вбројува во една од најголемите инвестиции досега за стартап од Македонија.

Native Teams им овозможува на фриленсерите придобивки како да се „регуларно“ вработени. Генерално платформата им овозможува на фриленсерите да си платат придонеси, без разлика за која или кои компании работат или каде се лоцирани. Услугата им дава пристап на корисниците до здравствена заштита, плаќање на пензиски пензиски придонеси, и основна даночна усогласеност во државите во кои работат.

За основањето на Native Teams и инвестицијата зборувавме со Никола Бубевски, еден од ко-основачите на стартапот.

Што е NativeTeams.com и како функционира?

Native Teams е глобална платформа  за плаќања и подмирување на статус на вработен, поддржана од виртуелен паричник и дебитна картичка која помага при работата на секој фриленсер, вработен на далечина или компанија.

На кратко би кажал 4 во 1, персонална фирма, банка, книговодител и интернационален пријател кој помага при патување и визи.

Кои се основачите на платформата? А кој и каде е тимот кој стои зад развој и оддржување на NativeTeams.com?

Основачите на Native Teams се: Џек Тхорогод (Обединето Кралство), Александра Митревска (Македонија) и Никола Бубевски (Македонија). Зад платформата стои македонски тим во основата подржан од британски претприемач – човек со богато иксуство во ИТ средината. Се разбира на самиот проект моментално работат преку 70 луѓе од 30 различни држави.

Александра Митревска
Никола Бубевски
Џек Тхорогод

Како започна приказната, како дојдовте до идејата за развој на ваква платформа?

Идејата доаѓа од директно искуство т.е. од еден мал стан во Битола и со работа како фриленсери на проекти и соочување со предизвиците како македонци. Немање на дел од поголемите платформи како помош и поддршка од државата за регулирање на придонеси, прекомплицираната администрација и соочувањето со најразлични ограничувања. Тука доаѓа немање можност за соработка надвор од границите, не само како од Македонија, но ситуацијата е иста во целиот свет.

Ако мора да одберете една причина, кој дел од „remote“ работата ви беше најголем предизвик и најмногу влијаеше на развој на Native Teams?

Најголем предизвик за нашиот тим всушност не беше креирање на самата платформа затоа што целосната архитектура на проектот денеска е само пресликанa од идеjа исцртана на  А4 формат хартија во целосно функционален проект. Собирањето на информации за сите држави кои ги подржуваме, законските регулативи, различните системи за изработка на плати и приспособувањето на нашата платформа кон различните правила околу даноците и политиките за интернационална соработка е она што беше вистински предизвик да се направи додека се работи „remote“.

Што ќе ви овозможи инвестиција на Eleven Ventures?

Планот е веќе изготвен. Целите се јасни. Овој продукт мора да биде достапен секаде, моментално сме достапни во 40 земји, главно во Европа. Следна цел се државите во Африка, Азија и Јужна Америка.

Во 2022 година забележавте десеткратен раст. Како го постигнавте тоа?

Главни фактори за ваквиот успех се глобалната дигитализација и отворањето на фирмите на светскиот пазар т.е. нивните потреби да имаат квалитетни тимови без разлика на нивната локација. Ние сме баш тој мост кој им овозможува да ги прескокнат тие бариери. Едноставно вистинско решение, во вистинско време, се разбира и одличен тим, кој најчесто размислува 2 до 3 чекори понапред од конкуренцијата.

При развој на вашиот стартап, кои беа најголемите предизвици со кои што се соочивте од идеја до реализација?

[Spoiler Alert]

Оригиналната идеја на Native Teams, платформа за менаџирање на тимови, потикнато како интерна идеја подржана од Native Live (платформа за видео состаноци) и Native Drive платформа за складирање на податоци. Сепак, клиентите се оние кои што вашите идеи ги претвораат во реалност. Native Teams се претвори во платформа за плаќања и вработување, токму она што му требаше на пазарот, а овие две платформи мислам дека наскоро ќе добијат место како додаток на моменталната платформа. Сепак секогаш се држиме до повратните информации од нашите корисници. Денешниот успех е нивна заслуга колку и наша, ние само ги слушнавме нивните потреби.

Кои се плановите за во иднина?

Имаме големи амбиции, инвестициите се само ветар во грб и голем дел од нив се веќе испланирани за нашиот глобален раст. Во нашето име има Native, тоа значи домороден, староседелец, тоа е и нашиот џокер. Во сите држави во кои сме присутни имаме некој кој е „native”, некој што го разбира јазикот, културата и потребите на клиентите. Се разбира и законите и можностите во секоја држава. Оваа рунда ќе биде посветена светот да биде наша „Native” средина, а ние ќе бидеме мостот кон таа цел.  

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk