Игри кои препорачуваме да ги проверите викендов

Во пресрет на викендот што е пред нас, внимателно одбравме 3 игри (и едно демо) кои го заслужуваат вашето внимание! Овојпат фокусот ни беше на семејни авантури и предизвикувачки roguelite, но на крајот на текстот ќе најдете и дополнителни бонус предлози!

Lil’ Guardsman

Неодамна, имавме интерву со Hilltop Studios за нивната игра Lil’ Guardsman. Играта успеја да нѐ плени со преубавата, симпатична графика, одличната глума, впечатливата приказна и емоционалната музичка подлога. Lil’ излезе баш и онака како што се надевавме – одличен производ изграден со многу љубов, знаење и внимание.

Главната цел во Lil’ Guardsman е да стражарите и да испрашувате серија од ексентрични ликови кои сакаат да влезат во градот. За таа цел, користите најразлични алатки кои може да ви помогнат полесно да дојдете до вистината. Па така, на располагање имате серум за вистина, детектор на метали, камшик (да, камшик) и ред други корисни алатки. На вас се остава дали ќе дозволите некој лик да влезе во градот или пак да го вратите назат (или затворите).

После секој работен ден, ќе можете да прошетате, да поразговарате со ексентричните ликови, но и да излезете на крај со последиците од вашите одлуки. Од наративна гледна точка, Lil’ Guardsman е прекрасно ремек дело и е игра која ви ја препорачуваме од срце. Не сме сами во оваа мислење и, моментно, играта има 97% позитивни рецензии на Steam. Доколку сеуште не сте сигурни дали е ова игра за вас, не заборавајте на демото кое веќе подолго време е излезено и достапно до сите заинтересирани.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Hilltop Studios
  • ИздаваVersus EviltinyBuild
  • Жанр: Авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 23 јануари 2024

Paperman: Adventure Delivered

Доколку имате екстра контролер, два, или три, ова е игра која ви ја препорачуваме за целото ваше семејство. Paperman: Adventure Delivered е игра која се одликува со симпатични места, ликови, механики и загатки. Сѐ во играта е замислено да ве расположи, замисли и забави.

Играјќи со еден од четири уникатни ликови, ќе можете да истражувате три шаренолики светови и да откривате најразлични тајни. Секој од ликовите има различни способности. Еден е добар за брзо трчање, друг за двојно повисоко скокање, трет за лебдење, а четврт за телепортирање. Ова отвора уникатни можности каде одреден напредок директно зависи од ликот со кој се управува.

Како семејна игра, Paperman: Adventure Delivered ќе биде особено ценета од помалите дечиња, но и од повозрасната публика која ќе треба да помогне во разрешување на малку попредизвикувачки загатки. За таа цел, имате на располагање локален сплит скрин мултиплеер, но и можности за ко-оп.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Offworld Industries
  • ИздаваOffworld Industries
  • Жанр: FPS, Симулација
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 21 септемви 2023

Heroes of Eternal Quest е хибрид од Tower Defense и Roguelite Deckbuilding

Во море од најразлични комнинации на жанрови, Heroes of Eternal Quest испливува како пријатно и уникатно изненадување. Се работи за игра која комбинира roguelite елементи со градење шпилови и донесување одлики со одредени последици. Како шлаг на тортата, музиката е одлична и супериорно се вклопува во целата атмосфера.

На мапата во која се наоѓате имате пат околу кој автоматски се движи и бори вашиот херој со непријателите. Вашата задача ќе биде да собирате ресурси и да градите и надградувате структури, како и да отклучувате мистериозни карти кои можат да ви дадат значителна предност на бојното поле. Овие аспекти допринесуваат Heroes of Eternal Quest да изгледа како проширена верзија на Tower Defense игрите, но со поголемо ниво на непредвидливост.

Хероите се одликуваат и со неколку уникатни способности кои ги активирате со претискање на соодветните копчиња. При елиминација на секој непријател, може да се случи да добиете некаков плен, дали во форма на оружје, опрема или пак еднократна магија. Бидејќи многу работи се засновани на рандомно сервирање, Heroes of Eternal Quest делува секогаш свежа, непредвидлива и забавна. Доколку не ни верувате, проверете го бесплатното демо на Steam.

Повеќе детали за играта

Footgun: Underground е хибрид помеѓу фудбал и roguelite

Како последен предлог викендов, би сакале да ви препорачаме да го проверите демото за најновата игра на германското развојно студио Turtle Knight Games.

Избирајќи некој од бројните „фудбалери“ ќе навлезете во процедурално генерирана стаза каде ја шутирате топката, која има улога на опасен проектил. За понепредвидлива забава, во ликот можете да вметнувате одредени надградби кои отклучиваат дополнителни способности.

Footgun: Underground ќе излезе во април, а, до тогаш, ќе можете на кратко да навлезете во смртоносните арени преку демото и да се соочите со дел од четиринаесетте пост-апокалиптични непријатели, уникатни босови и да проверите дел од дваесетте различни топки, секоја од нив со над 20 стратешки надградби.

Повеќе детали за играта

Во случај да барате нешто поразлично, неделава успејавме да ги провериме и следниве наслови:

Кога сте веќе тука, би можело да ве интересира и следново:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk