Squad 44 e солидна WWII мултиплеер FPS

Уште од 2018 година, студиото Offworld Industries се труди да им понуди на FPS ентузијастите предизвикувачка војна игра сместена за време на Втората Светска Војна. Најновото надополнување излезе пред само еден ден и, заедно со претходните надополнувања, успева да ја доведе играта во одлична игрива состојба.

Автентична, милитаристичка акција!

Претходно позната под името Post Scriptum, Squad 44 се удира во гради како најавтентичен шутер сместен во Втората Светска Војна. Играта нуди 20 запрепастувачко огромни бојни полиња, над 80 реалистични оружја, и над 50 возила!

Иако се восхитуваме на импресивните резултати кои можат да се добијат преку паметна комуникација, остроумна координација и креативна тимска работа, Squad 44 сепак бара специфична публика – озбилен тим кој знае што работи; во спротивно ја губите битката во моментот во кој сте ја почнале. Напаѓајќи од авион, брод или тенк, како една од неколку уникатни класи, потребно е да ги слушате наредбите на командирот, да пружате соодветна поддршка, да држите одредени цели или пак да користите стратешки позиции во режими како:

  • Offensive
  • Invasion
  • King of the Hill

Operation Greyhound e најновото надополнување за играта

Најновото, штотуку-излезено надополнување се одликува со бројни QoL промени, како во поглед на анимациите, дизајнот на стазите, така и во поглед на поголема имерзивност на околините.

Тимот го има подобрено приказот на флората, осветлувањето и водата, како и на бројните знаменитости, кои сега изледаат многу подобро. Одредени текстури се дополнително разработени, а и понудени се повеќе oпции за DLSS, со што се значително подобруваат перформансите.

Покрај подобра оптимизација на енџинот, новото надополнување воведува и листа од точки за спнување, пофлексибилни обележувачи, и бројни исправки на багови. Целата листа можете да ја погледнете тука!

Доколку сметате дека Squad 44 е игра за вас и доколку уживате во имерзивни и реалистични битки во големи армии (40 против 40), тогаш ова е игра која би можеле да ја проверите. Играта моментно се продава со 25% попуст, или 21 евро.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Offworld Industries
  • ИздаваOffworld Industries
  • Жанр: FPS, Симулација
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезе на: 9 август 2018

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments