Rising Lords е игра која се истакнува од морето turn-based стратегии по тоа што има ем уникатен графички стил ем уникатен спој на елементи со карти и друштвени игри.
Започнувајќи партија во средновековно доба, ќе собирате даноци и ресурси, ќе правите оружја и ќе ги ширите и надградувате вашите градови.
Rising Lords нуди забава во две форми: преку кампања или преку мрежно играње. Независно од стилот кој го преферирате, ќе работите на армиска експанзија и градење цврсти односи со останатите господари (lords), водејќи, притоа, предизвикувачки битки преку запазување редови (turn-based).

Низ играта, ќе биде потребно да внимавате на моралот на вашите, но и непријателските единици. Бројни фактори влијаат на моралот и не морате целосно да го исчистите бојното поле. Што повисок морал, толко се повисоки шансите за критички погодоци/ удари. Од друга страна, што понизок е моралот, толку се поголеми шансите за создавање паника помеѓу војниците. Штом моралот дојде на 0, единиците почнуваат да бегаат од бојното поле.

Паралелно со ова, секоја единица е добра против една, но лоша против друга непријателска единица. На пример, војниците со копје се ефикасни против коњаниците и потешко се оштетуваат од нив. Слично на ова, и теренот игра одредена стратешка улога и ридовите се одлични за стрелците, додека шумите пак штитат од стрелите.

Во Rising Lords имате и бројни карти кои се отклучуваат со одредено количество на искуствени поени. Сите карти значително можат да ја променат ситуацијата на бојното поле. Може да помогнат војниците да заземат подобра формација, да се зголеми моралот на вашите војници, а да се намали на непријателите, стрелите да станат огнени, мостови да може да се користат или шпиони да ја откријат непријателската војска.

Сите овие ситуации допринесуваат до неочекувана забава, особено доколку решите да ја искустите со други вистински лица.
Rising Lords има 71% позитивни рецензии и се продава со 15% попуст.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Argonwood
- Издава: Deck13, WhisperGames
- Жанр: стратегија
- Платформа: Microsoft Windows
- Ќе излезе на: 18 јануари 2024







