Веќе добри пет години, Insurgency: Sandstorm се истакнува како една од подобрите реалистични пукачки игри во прво лице. New World Interactive успеа да направи одлична милитаристичка игра и да задржи голем дел гејмери со мрежните гејмплеј механики.
Од неодамна, играта може да се пофали со next gen верзијата за конзоли. Оваа верзија ја префрлува играта во цела 4К слава и со 60 фрејмови во секунда, и на конзолата на Sony и на конзолата на Microsoft.
Insurgency: Sandstorm е целосно оптимизирана и прилагодена да се игра во 4K 60FPS на PS5 и Xbox Series X. Со оглед на тоа дека Series S е значително послаба конзола, максималната резолуција е, всушност, 1080p.
New World Interactive ги имаат вметнато HD надградените текстури, со што графиката изгледа апсолутно преубаво, особено на поголемите екрани. Паралелно со ова, SSD хард дискот допринесува до значително побрзи, дури инстантни, вчитувања.
Доколку ја проверите PS5 верзијата, како што беше случајот со нас, ќе забележите дека играта целосно подржува haptic feedback и adaptive активности.
Insurgency: Sandstorm е одличен ко-оп и мултиплеер тактички шутер кој ги освои гејмерите со огромните мапи и реалистичните пресметки во модови како 14 против 14 вистински играчи или пак 8 вистински играчи против непријатели контролирани од вештачката интелигенција. Поради огромната популарност, играта може да се пофали со три сезонски пропусници, иако, нивната вредност знае да биде дискутабилна.
Пред неколку месеци излезе првото големо надополнување од третата сезонска пропусница. Насловено како Operation: Onslaught, надополнувањето воведе нов мод (free for all), нови оружја (M320 и M79), како и нови козметички додатоци.
Повеќе детали за играта
- Произведува: New World Interactive
- Издава: Focus Entertainment
- Жанр: FPS
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 12 декември 2018