Без никакво сомневање, Timberborn е една од најслатките стратегии, односно симулации што имаме заиграно. Во свет во кој луѓето се одамна исчезнати, се остава на симпатичните дабари да изградат нова цивилизација и да се справат со бројните суши и токсични отпади.
95% позитивни рецензии на Steam!
Слично на стратегии од овој калибар, во играта ви е дадена територија на која вршите етапна цивилизација преку градење најразлични структури. Контролирајќи една од две фракции на дабари, ќе можете или да се посветите или на природата или на целосна технолошка индустријализација. Во зависност од избраната фракција, добивате поразлични гејмплеј механики и уникатни дизајни на згради.
Со оглед на тоа дека играте со дабари, реките играат огромни улоги и ќе можете да правите најразлични брани, како и да ја пренасочувате реката преку правење ново корито (со употреба на експлозиви, се разбира). За зголемена ефикасност, ќе можете и да правите ботови и да ги наредувате неуморно да извршуваат монотони операции.
Гејмплејот се менува и во поглед на сезоните кои можат да бидат влажни, суви или пак токсични, принудувајќи ги вредните дабари да ги менуваат стратегиите и да се прилагодуваат на неочекуваните услови, особено во ситуации на суша, кога не можат да се користат потенцијалите на реките.
За најкреативните има и комплексен уредник, доколку сакате да создавате и споделувате ваши мапи!
Timberborn е уште во ран пристап!
Неодамна, играта се поднови со петтото содржително надополнување кое воведува нови гејмплеј механики. Голем дел од новитетите се работи кои фановите ги бараа за играта. Можете да најдете нови опасности, како и нова сезона. Паралелно со ова, ќе наидете и на нови алатки за подобро справување со сезоната, како и нови атракции и декорации. Одредени системи исто така се надградени, паралелно со надградбата на сите 12 мапи.
Во чест на неодамна излезеното надополнување, Timberborn се продава со 20% попуст, односно по цена од 20 евра.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Mechanistry
- Издава: Mechanistry
- Жанр: стратегија, симулација
- Платформа: Microsoft Windows
- Ќе излезе на: 15 септември 2021
[…] […]