Зошто да ја играте?
- Играјте со патка во брутален survival свет
- Напредни механики за собирање ресурси и градење бази
- Сакате игри каде само со заеднички сили можете да го видите вистинскиот потенцијал

Во DUCKSIDE имате за задача да се движите низ сурова средина, да собирате ресурси, како и да се борите со други патки за доминација. Ова не е вашата просечна прошетка низ паркот туку целосно survival искуство. Гледајте на играта како интересен хибрид кој ги комбинира survival елементите од DayZ и Rust, но со апсурден пресврт.

Квак-тастично искуство!
Како патка, можете да летате насекаде, добивајќи одличен преглед на теренот околу вас. Паралелно со ова, потребно е да собирате ресурси, да барате храна и да наоѓате или градите безбедни засолништа. Од гранчиња и камења до понапредни материјали, вредно ќе собирате сѐ, а потоа ќе го користите истото за да создавате најразлични алатки и оружја. Се работи за забавен систем кој охрабрува истражување, барање и собирање ресурси. Не се доаѓа лесно до финалниот продукт, меѓутоа, така да бидете спремни на бројни компромиси уредно зачинети со редовни сесии на грајнд.
Доколку имате храброст да истражувате одредени области, лесно ќе можете да дојдете и до најразлични огнени оружја. Помалку храбрите души би можеле да пробаат сами да направат одредено оружје со собраните ресурси. Покрај оружја, можете и да правите алатки за собирање и градба. Благодарение на ова, ќе можете и да градите бази и утврдувања, заштувајќи го пленот и обезбедувајќи целосна безбедност.
Горе-споментите механики најдобро функционираат само доколку сте во група. Во спротивно, се работи за исклучително споро и, можеби, неисполнително искуство.

DUCKSIDE е игра која се игра и во PVP и во PVE. Независно од тоа, играта е апсолутно брутална, барајќи од вас внимателно напредување и спремност за често умирање. Доколку се помирите со судбината дека пленот е илузија и полесно се губи отколку што се добива, тогаш ќе ви биде исклучително забавно во DUCKSIDE. Базите може да се градат, уништуваат и обновуваат, а рамнотежата на моќта може да се менува во секој момент. Ова е дополнително нагласено доколку наидете на соработливи играчи со кои ќе можете да формирате сојузи, да вршите рации и да ја браните вашата база. Сликата на патки како летаат на сите страни, ракуваат со оружја и градат бази е исклучително комична.
Чедото на tinyBuild Riga е дел од раниот пристап на Steam и дополнително ќе се работи за да се понуди подобро искуство. Авторите ветуваат надополнувања со нови оружја, алатки, мисии и козметички опции, како и нови еволуции на мапи и подобрени или нови сервери. Неодамна, играта се поднови со нова изржливост на оружје и подобрувања на вештачката интелигенција. И двете опции воведоа дополнително ниво на реализам и управување со ресурси во борбата.

На одредена група играчи не им се допаѓа тоа што играта многу потсетува на Rust, додека друга група е разочарана од одредени технички проблеми и гејмплеј реализации. Тимот, меѓутоа, не крева раце и продолжува да работи на играта. Со малку среќа, секое наредно идно надополнување ќе допринесе до подобра игра!
DUCKSIDE ја искористува популарноста на игрите за преживување, нудејќи свеж и хумористичен пресврт. Без разлика дали сте искусен ветеран во играта за преживување или обичен гејмер кој бара уникатно искуство, DUCKSIDE ветува интересна авантура каде што само најотпорните патки ќе преживеат.

Повеќе детали за играта
- Произведува: tinyBuild Riga
- Издава: tinyBuild
- Жанр: survival
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 25 септември 2024