На 6-ти март го отпочнавме процесот на прибирање на податоци за истражувањето Мапирање на македонската ИТ индустрија – издание 2022, во кое за само 24 часа одговорија над 1.000 учесници. Во моментов, истражувањето за 2024-та е само неколку учесници пократко од исполнување на таргетираната бројка од 2.000 учесници.
Истражувањето ќе трае до 23.59 часот на 10-ти мај, 2024-та, па согласно на тоа упатувале последен повик за приклучување во истражувањето. Учество може да земат сите ИТ професионалци во индустријата (програмери, дизајнери, маркететери итн…)
Досегашните учесници:
- 78.6% машки пол, 21.4% женски пол,
- 82.5% се учесниците се од секторот девелопери/програмери/QA/систем-администратори,
- Само 19.3% од испитаниците работат од 5 дена од канцеларија,
- 31.4% од испитаниците произнесоа дека во нивните компании во последните 12 месеци имало отпуштања на кадар…
Целото истражување ќе биде објавено крај на мај.
Истражувањето нуди интересни бројки, сознанија како и очекувани и неочекувани трендови – но ќе почекаме за јавно споделување по валидирањето на податоците и нивна обработка од страна на Data Masters кои ни се соработници на тоа поле. Објавата на податоците е планирана за крај на мај, а доколку сакате може да се претплатите на е-билтенот наменски само за да добиете известување кога ќе бидат објавени – формата е достапна тука под делот Започни анкета.
Придонеси кон мапирањето со учество во анонимна анкета која ке ти одземе околу 5 минути од времето!
ПРИКЛУЧИ СЕ ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО
(анкетата ќе ти одземе 5-10 минути)
Податоците ќе бидат достапни и во RAW формат – бесплатно за академскиот сектор и индивидуалци кои ќе ветат дека нема да ги користат за комерцијални цели. А за комерцијално користење ќе има можност да се закупи комерцијална лиценца која ќе дава права за користење во такви цели без ограничувања.
Она што е многу важно е дека истражувањето е АНОНИМНО бидејќи прашуваме и бројка за нето примања. Како алатка за прибирање на податоците ќе ја користиме Google Forms, а од сите вас бараме да играте фер-плеј и заедно да придонесеме кон податоци кои утре сите ќе може да ги користиме.







