Gen Z ја користи генеративната вештачка интелигенција дури и за кариерни совети

Генерацијата која што е родена со електронски уред во рака или попозната како Gen Z преферира совети од LLM модели како ChatGPT наместо од своите менаџери. Причина за ова е недостатокот на поддршка од нивните менаџери во однос на развојот на сопствената кариера.

Една неодамнешна студија спроведена од страна на фирмата за кариерен развој Intoo сугерира дека токсичните работни средини и ограничените можности за напредок во организацијата се главните фактори за незадоволството на вработените. Според наодите на истражувањето, многу работници го припишуваат овој проблем на однесувањето на нивните менаџери.

Во соработка со истражувачката компанија Workplace Intelligence, истражувањето откри дека вработените во Gen Z се повеќе се свртуваат кон „AI Career Coaching“ и го идентификуваат ChatGPT како нивен примарен извор на совети за кариера.

Што означува терминот AI Career Coaching?


AI Career Coaching е термин кој се однесува на користењето на вештачката интелигенција за персонализирано менторирање во развојот на кариерата.

Преку анализа на податоци како што се вештините и трендовите на пазарот, овие платформи обезбедуваат приспособени препораки за оптимизација на биографијата, барање работа, развој на вештини и подготовка за интервју, сѐ со цел да им помогнат на младите професионалци да ги постигнат своите зацртани цели.

Приближно половина од испитаниците изјавиле дека добиваат одлични насоки од четботите во споредба со нивните менаџери. Понатаму, истражувањето покажува дека мнозинство од вработените (77%) и лидерите со човечки ресурси (79%) изјавиле дека се сретнале со барем една карактеристика на токсично работно место во текот на нивните кариери.

Gen Z е првата генерација што има пораснато со интернетот како дел од секојдневниот живот, а пристапот до многу информации, активности и алатки да биде само со еден клик. Така што, не е ни чудно зошто оваа генерација лесно ја прифати и користи генеративната вештачка интелигенција.

Кога таа се користи за сѐ и сешто, тука не се исклучок ниту кариерните совети произлезени од истата. Претходниве години воглавно како резултат на Ковид-19 пандемијата работата на далечина го доживеа својот пик. Овој начин на работа со сите свои позитивни и негативни страни стана новата класика на работење.

Дали менторството може да биде заменето од LLM?

Менторството како дел од работата на секој еден млад вработен претставува многу важен сегмент во напредокот на младите вработени. Менторството од далечина, пак, претставува вистински предизвик и најчесто е помалку ефективно од менторството во традиционални услови.

Тука на голема врата влегоа големите јазични модели како ChatGPT и Gemini кои што знаат да одговорат на речиси секое прашање во човечка форма.

Овие модели секојдневно напредуваат, нивните способности се извонредни, можат да помогнат во делот за менторство, но барем засега тие не можат да го заменат процесот на вистинско менторство.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments