0 коментари 3 мин. читање 27 септември, 2022

Го комплетиравме второто мапирање на ИТ индустријата во земјава!

По двомесечна обработка на податоците кои ни ги доставија над 2.200 ИТ професионалци во земјава (бескрајно сме ви благодарни на сите што учествувавте!), конечно дојде моментот да го објавиме истражувањето Мапирање на ИТ индустријата во .мк, издание 2022.

Истражувањето, како и она во 2019-та година, има за цел да даде сеопфатен приказ на актуелната состојба со плати и примања, технологии, едукација и развој на ИТ кадарот, како и вработените во дигиталниот маркетинг и дигиталните уметности. Дополнително, истражувањето го прикажува и напредокот во овие области во Македонија споредбено со 2019 година, кога беше направено првото мапирање.

Податоците годинава се презентирани на малку поинаков начин од тоа што беа во 2019-та (кога беа презентирани со ChartJS) – мапирањето годинава е прикажано преку Power BI кој нуди можност за интерактивни анализи според зададените сегменти. За тоа да биде така, ни помогнаа девојките и дечките од Data Masters.

Податоците се разликуваат од податоците кои ги споделува Државниот завод за статистика на тема плати бидејќи навлегува подлабоко во тематиката и нуди можност за проценка на платите во ИТ индустријата според многу фактори – технологија, пол, примарна алатка, ниво на искуство, како и диференцијација на примањата според типот на работодавачот.

Истражувањето има 16 страни кои ги покриваат сите прашања кои беа зададени во анкетата спроведена од 15-ти јуни до 11-ти јули.

Мора да споменеме дека навистина ни беше драго што во првите 24 часа ја достигнавме и надминавме вкупната бројка на учесници од истражувањето во 2019-та година, што говори за потребата од ваков тип на информации и важноста на истражувањето. Tnx!

Дознајте повеќе на следниов линк:

Мапирање на ИТ индустријата во .мк – издание 2022


Во следниот период, ќе објавуваме текстови со подетални обработки на секое од наведените прашања во истражувањето…

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}