Звучи комплетно неверојатно, но една од најинтересните вести оваа недела од Хрватска е дека „Програмерите сега се далеку од врвот на најбарани професии“. На самиот врв на листата најбарани професии се продавачи, наставници, готвачи, келнери и магационери. Програмерите се на 27-мо место, далеку од врвот. Ова го покажува анализата на Online Vacancy Index (OVI) која ја сподели Економскиот институт Загреб во соработка со порталот „MojPosao“.
Програмерите ниту минатата година не беа на врвот на листата, но беа значително повисоко на 11 место на листата најбарани профили за работа. Програмерите паднаа на 27-мо место во извештајот кој е објавен во октомври. Со ова втора година по ред програмерите се рекордери по бројот на места кои ги загубиле на листата.
Дел од аналитичарите кои работеа на истражувањето објаснуваат дека можеби станува збор за аномалија. Компаниите кои бараат програмери знаат дека е тешко да се најдат, па од поодамна користат други канали за пронаоѓање на работници, надвор од формалните огласи. Меѓутоа од друга страна има тврдења дека преголемите плати, непродуктивноста и отпуштањата од гигантите си го прават своето. Оваа гранка се преориентира на други канали за вработување пред другите професии. Додека експертите се сомневаат на аномалија за драстичниот пад од 16 места, сепак се согласни дека анализираните индикатори покажуваат дека генералната побарувачка за програмери опаѓа.
Во октомври, на пример, во Хрватска се бараа само 150 ИТ програмери, а во исто време 1.000 продавачи и по 300 готвачи, келнери и магационери.
Видот на работа е променет. Не би рекла дека секторот е во криза, но ние како економија бевме повеќе фокусирани на понискиот профил на услуги за развој на софтвер. Дел од побарувачката се менува поради самата вештачка интелигенција која ги пополнува празнините – вели Марина Ткалец, аналитичарка од Економскиот институт Загреб за Vechernji.hr.
Очигледно некаде во сето ова влегува и вештачката интелигенција која сега ги менува влезните позиции во ИТ секторот. Оваа веројатно е краткотрајно со оглед на тоа дека е клучно следните вработени да влезат во компаниите. Како вештачката интелигенција ќе го промени целиот сектор во иднина ќе биде интересно да видиме во следните неколку години.