Македонските ИТ професионалци преферираат хибриден модел на работа

Една од поинтересните статистики која произлезе од истражувањето Мапирање на ИТ индустријата во .мк – издание 2022, кое го спроведовме летово, е дека најпосакуван модел на работа на македонските ИТ професионалци е хибридниот модел со работа од канцеларија и од дома по сопствен избор.

66% го преферираат хибридниот модел на работа

Прашањето Префериран метод на работа.го одговорија 2.225 испитаници, а 66.56% од нив го избраа хибридниот модел на работа (54.38% го избраа хибридниот модел со работа од канцеларија и дома по сопствен избор, додека 12.18% одбраа хибриден модел со задолжителни денови во канцеларија).

Повеќе детали @ https://it.mk/map2022

Само 13.48% од ИТ професионалците би се вратиле целосно во канцеларија што говори многу за промените кои се наметнаа во индустријата после пандемијата со COVID-19. Кај македонските ИТ професионалци не е популарно ниту целосното далечинско работење, само ~20% од нив би го одбрале како префериран метод на работа.

Горенаведените резултати ги продискутиравме со Анче Атанасова, директор на човечки ресурси во Семос Едукација и Ана Стефановска Младеновска, сениор проектен менаџер во Netcetera

Кое е твоето лично увидување на резултатите од оваа тема?

Анче: “Сметам дека податоците целосно ја отсликуваат моменталната ситуација. Работата од дома или хибриден модел на работа до пред некое време се нудеше како бенефиција од некои компании, но откако почна пандемијата тоа стана реално секојдневие.”

Ана: “Резултатите од анализата се значително корисни, бидејќи ја рефлектираат моменталната состојба на пазарот и им помагаат и ги мотивираат компаниите во индустријата да го воспостават или подобрат новиот хибриден модел на работење.  Ваков тип на анкета придонесува полесно да се утврди и разбере вредноста на хибридниот начин на работа, не само за компаниите туку и за самите вработени. Дополнително, резултатите од анкетата дават јасна слика за алатките и опремата кои вработените би сакале да ги користат, што е уште еден показател кој може да се искористи за успешно воспоставување на овој модел.”

Дали сметаш дека резултатите се репрезентативни на пазарот?

Анче: “Секоја работна позиција е специфична на свој начин, и баш пандемијата нѐ научи да го најдеме најдобриот и најефективниот начин за завршување на работите. “

Ана: “Да, сметам дека резултатите се репрезентативни за пазарот и ја прикажуваат реалната моментална состојба. Бројот на испитаници е навистина голем (2.225) и тоа е уште еден фактор кој потврдува дека резултатите се веродостојни, оправдани и издржани.”

Дали да очекуваме овој тренд да продолжи и во иднина без разлика на состојбата со пандемијата и воените дејства низ светот?

Анче: “Сѐ уште се поделени мислењата околу тоа што е предност, а што негативна страна. Дел од предностите на хибридниот модел се зголемена флексибилност (која многу им значи на вработените), зголемена продуктивност, подобрување на разновидноста на тимовите – можете да вработите луѓе од било кој дел од светот, опција која сега стана многу почеста и повеќе разгледувана. Од друга страна, како еден од најголемите предизвици се истакнува чувството на припадност на тимот и компанијата како и целосно потпирање на технологијата. Доколку ги отворите огласите за работа, посебно од ИТ компаниите, ќе забележите дека најголем дел од нив нудат далечинско работење или хибриден модел, што всушност се отсликува и во овие резултати. Реалност е тоа дека и голем број ИТ компании преминаа на целосно далечинско работење, а голем дел и од новите компании кои се отворија немаат свој канцелариски простор поради оваа причина. Вработените сакаат да го “менаџираат“ своето време и начин на работа.  Сметам дека на почетокот компаниите можеби стравуваа дека ако вработените не се физички на работното место, нема да се остварат поставените цел.  Но за многу компании се покажа токму спротивното, тие дури и пораснаа во периодот на пандемијата, а вработените успешно си ги завршуваат задачите и активностите. 

Од друга страна пак интересен е фактот дека одреден процент од испитаниците преферираат целосно работа од канцеларија. Пандемијата направи малку да се одалечиме и да го немаме оној “human touch” и близина што ја имавме претходно, но сѐ повеќе тимовите учат да фуницкионираат оддалечено, а сепак компанијата и колегите да ги чувствуваат како свои. Секогаш ќе има поединци на кои им е подобро да дојдат и да работат од канцеларија, и секогаш ќе имаат отворена врата во компаниите. Очекувам во иднина ова што сега го велиме дека е нов модел на работа (хибриден модел или целосно remote работење од дома) да биде сосема нормален начин на работа и функционирање. Луѓето се навикнаа, им одговара овој модел кој реално има доста придобивки за вработените, почнувајќи од штедење на време за пат до работа, па сѐ до поголема фокусираност на извршување на задачите како и повеќе време за себе и семејството. Тука голема улога треба да имаат HR тимовите и менаџментот на компаниит. Тие треба да ги воведат луѓето во културата на компанијата и да овозможат успешна комуникација меѓу тимовите и реализација на целите на компанијата.”

Ана: “Досегашната анализа во светски рамки, а и кај нас покажа дека овој модел дефинитивно кје продожи да се практикува и во иднина и дека поголем дел од компаниите веќе се во фаза на транзиција кон хибриден модел, на долг рок. Конкретно, во ИТ индустријата оние компании кои не го нудат овој начин на работа рангираат далеку пониско од компаниите кои го преферираат токму хибридиот модел. За голем дел од вработените, пресудниот фактор за вработување во некоја компанија е дали се нуди можноста за “remote” или хибридно работење. Во изминатиов период сме сведоци дека преку ваквиот начин на работа продуктивноста е далеку поголема, а и самата можност за флексибилност и право на избор дали да се работи од канцеларија или дома придонесува за поголемо задоволство.”


Сакаш да дознаеш повеќе за ИТ индустријата во Македонија?

Провери го најновото Мапирање на ИТ индустријата во .мк – издание 2022

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп

Оглас за вработување на ORACLE DBA

види ги сите огласи на kariera.it.mk