На секои две години почнувајќи од 2019-та спроведуваме истражување во кое ја мапираме ИТ индустријата во Македонија.
Истражувањето ги покрива тековните трендови (технологии, навики и работни критериуми, професии, пазарни движења и сл.) и прави споредба со изминатите години. ДЗС има статистика за генерални бројки за плата по просек, но нивните истражувања не се сегментирани по технологии и се ограничени од тоа што фирмите исплаќаат, а не и приходите од странство или фриленс проекти и дополнително приходи на ИТ професионалците.
Затоа би сакале да ни помогнете да добиеме што пореални информации за состојбата и условите на пазарот на труд за програмери, девелопери, систем администратори, дизајнери, дигитални маркетери, QA инженери во Македонија, а по комплетирањето би ни значело доколку ги споделите со вашите колеги. :)
Прашалникот е АНОНИМЕН.
Резултатите по обработка ќе бидат јавно достапни на IT.mk во текот на месец мај.
Коментари
0 коментари