По Warcraft, Activision сака да сними филмови и за Call of Duty, Starcraft, Diablo

Можеби еден од најпопуларните издавачи на видеоигри, Activision-Blizzard, наскоро ќе креира филмско студио. Најверојатно најдобрата вест за љубителите на видео игрите од Blizzard е што целокупната програма која ќе ја креираат ќе биде базирана на игрите кои ги издаваат.

Веќе е најавена премиерата на Warcraft the Моvie и судејќи според сценариото, може да очекуваме цел серијал филмови само за таа игра. Но, покрај филмовите ќе се снимаат и серии. Првите серии ќе бидат базирани на Skylanders Academy и Call of Duty, а најавени се за период од 2016 до 2018-та година. Најавата за отворање на студиото доаѓа на Blizzcon конференцијата, директно од компанијата.

„Ќе бидеме помали во споредба со типичните филмски студија, бидејќи почнуваме од почеток. Креирањето на организација која ќе биде со вистинска големина за нашата намера и за иднината на индустријата,“ вели Ник Вандајк, ко-претседател на Activision-Blizzard.

Ова не е единствена поголема промена која ја направи гигантот. Минатата недела во обид да го освои пазарот на мобилни игри, издавачот го купи креаторот на Candy Crush Saga, а љубителите на Warcraft веќе знаат дека ова лето ќе биде долго одложуваната премиера на филмот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk