Имате слободно време, пристап до одлични сервиси за стримување, но не знаете што да гледате?
WHATTAWATCH – What To Watch е апликација за Android и iOS, a нејзината цел е да ве информира кој филм или серија е тренди, популарна, или има освоено награди.
Најмоќната опција кај оваа апликација е можноста Discover. Преку оваа опција вршите претражување според одредени корисни критериуми. Имено, можете да одберете листање во зависност од жанрот (ги има 18 жанрови), како и годината кога филмот е излезен.
Преку визуелно привлечен интерфејс се шетате од филм до филм, односно од серија до серија со влечење на палецот на лево или десно. Во случај да наидете на нешто интересно, преку еден клик ќе бидете одведени на соодветна страница за да дознаете повеќе за филмското остварување. На располагање имате податоци за критичката признаеност, популарност, трејлер, како и на која платформа може да се гледа или купи – голем број од податоците се црпат од The Movie Database (TMDB). Во случај да нешто посебно ви се допаѓа можете да го ставите во омилени.

Бесплатната верзија ви дозволува да направите листа од шест омилени филмови или серии. За секое наредно проширување на листата со дополнителен наслов, потребно е или да одгледате реклама или да се претплатите на професионалната верзија. Наш совет? Одгледајте реклама!







