Candle Craft 3D – нова игра на .мк студиото Furious Avocado со над 1 милион преземања

во ИТ.МК

Tie Dyе, првата игра на македонското студио за развој на видео игри Furious Avocado, мината година постави нови рекорди по бројот на играчи. Во мај 2021, помалку од една година по издавањето, играта надмина 100 милиони преземања на AppStore и на Google Play.

Пред помалку од една недела Furious Avocado ја претставија својата нова игра Candle Craft 3D. Играта веќе има неколку милиони преземања и е на врвот на топ листите за бесплатни видеоигри. На AppStore Candle Craft 3D е на прво место во категоријата симулации. За оваа игра Furious Avocado го промени издавачот и Candle Craft 3D доаѓа од Voodoo. Издавачот специјализира за „hyper-casual“ видеоигри, а барем досега, ова е фокус и за Furious Avocado.

Candle Craft 3D е супер едноставна игра. Како што навестува и името играчите започнуваат со восок, за на крај да креираат свеќа. На почетокот доаѓа муштеријата кој ви кажува каква форма свеќа сака да му направите. Има повеќе различни бои на восок во кои играчите ја потопуваат својата свеќа, а на крајот користејќи различни ножиња треба да ја креираат и нејзината конечната форма. Креирањето и обликувањето на свеќата е најдолгиот дел од креирањето на свеќата и иако е едноставен, бара малку повеќе внимание за 100% прецизност. Секако играта секако не може да биде завршена без да видиме како изгледа запалената свеќа.

Во текот на играњето од секоја продадена свеќа се заработуваат парички. Со овие парички може да ја надградиме продавницата и да го зголемиме нивото на продавницата. Најзабавниот дел од играта се VIP муштериите кои ви даваат потполна слобода за боите и за формата на свеќите.

Hyper-casual игрите се едноставни за играње, вообичаено се бесплатни и може да ги играат сите. Конкуренцијата на листата за популарност е огромна. Две видеоигри помеѓу најпопуларните е огромен успех за ова ново студио за развој на видеоигри.

Furious Avocado е основано на 15 јануари 2020 од Бобан Стојчевски, Дамјан Михаилов, Томи Џуровски, Марио Ампов, Иво Нешковиќ и Наум Михајловски. Првата игра Tie Dye ја издадоа неколку месеци подоцна, во јуни. Благодарение на посветеноста и редовните надградби играта успешно се одржуваше на врвот на популарни кежуал видеоигри зa Android и iOS, и ја надминаа бројката од 100 милиони преземања.

Што се hyper-casual видеоигри…

Hyper-casual видеоигри се едноставни игри достапни за сите. Вообичаено интерфејсот е едноставен и лесно разбирлив, играњето може да се повторува неодреден број пати, и може, но и не мора да има напредување. Поради широката публика која ги игра овие видеоигри, најчесто за монетаризација на игрите се користат реклами.

Според Wikipedia првата hyper-casual видеоигра е FlappyBird, едноставна игра во која играчот ги избегнува пречките обидувајќи се да ја однесе птицата што е можно подалеку. Оттогаш и овие игри значително еволуираа, па сега жанрот е значително „поширок“.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
NecrotoX
NecrotoX
12 days ago

Браво!