Зошто Candy Crush вреди 6 милијарди долари?

Доколку мислите дека 2 милијарди долари се премногу за Minecraft, подгответе се за поголемо изненадување. Activision е нов сопственик на King Digital Entertainment, студиото зад Candy Crush, за кое исплати 5,9 милијарди долари. Activision имаат куп наслови на располагање – од легендарните Diablo, Starcraft и Warcraft, па сѐ до Call of Duty, Destiny, Blur, Guitar Hero и Total War. Но, како што забележавте, сите тие се AAA игри за конзоли и декстоп, и иако Activision има стотици игри во своето портфолио, нема да најдете препознатлива и попопуларна мобилна игра која е наменета за таканаречените casual играчи, како што е Candy Crash која беше објавена во 2012 година.

Очигледно е дека Activision се помалку успешни на мобилните платформи, иако Hearthstone е на добар пат да ги освои AppStore и Google Play. Но, Candy Crush e сосема друга приказна. Оваа популарна игра има околу 100 милиони играчи, кои, иако повеќето од нив, над 90 отсто ја играат бесплатно, сепак генерира една милијарда долари приходи во 2014-та година. Профитот кој King Digital Entertainment го направи од мобилните игри во просек по квартал е нешто над 500 милиони долари, а 490 милиони долари доаѓаат само од Candy Crush. За споредба, Activision, иако има над милијарда долари приход од игри, направи само 54 милиони долари од мобилни платформи во вториот квартал.

unnamed

Со Candy Crush Saga и Candy Crush Soda Saga, две од петте мобилни игри кои најмногу заработуваат, Activision ќе може да му конкурира на Electronic Arts кој вели дека прави 140 милиони долари по квартал од 150 милиони мобилни корисници. Activision сега ќе добие и студио кое знае како да работи на мобилниот пазар, има огромен број на корисници кои се подготвени да трошат пари на мобилни видеоигри, и кои можат да ги таргетираат со други наслови. Интересно, над 60 отсто од играчите на Candy Crush се девојки.

„Сo комбинирана глобална мрежа на повеќе од половина милијарда активни играчи, нашиот потенцијал да допреме до публиката ширум светот на уредите кои тие ги сакаат, ни овозможува да им прикажеме подобри игри до уште поголема публика“, вели директорот на Activision Blizzard, Боби Котик.

Но, иако Activision со King инвестира во мобилниот пазар, сепак се чини дека 5,9 милијарди долари се премногу. За споредба со другите големи купувања: Disney ги купи LucasFilms за 4 милијарди долари; Facebook го купи Oculus за 2 милијарди долари; Apple го купи Beat за 3 милијарди долари; Google го купи Nest за 3,2 милијарди; а Lenovo ја купи Motorola за 2,9 милијарди. Дополнителен ризик е што Томи Палм, креаторот на Candy Crush Saga, повеќе не е дел од тимот, вели The Next Web во својата анализа.

Друг проблем што ќе го има Activision, e што мобилните игри имаат краток рок. За разлика од AAA игрите кои стануваат култни, пример Diablo, Warcraft, Call of Duty… и кои гарантираат приходи со секое ново продолжение, мобилните игри здосадуваат после две-три години. Тие се помали, поедноставни и лесно се заменуваат.

„Иако во iPhone/Android ерата мобилните хит игри можат да направат куп пари од само мал број на корисници кои се подготвени да платат за виртуелни добра, сепак таа игра наскоро ќе почне да опаѓа во приходи“, вели Recode. Пример, Candy Crush направи 493 милиони долари приходи во најдобриот квартал во 2013-та година, сега успева да направи само половина од тоа, околу 200 милиони. Профитот на King e околу 110 милиони долари во просек по квартал, но ако во најдобрите денови имаа над 340 милиони корисници, од кои само 13 милиони плаќаат за игри, денес само 7,6 милиони играчи купуваат виртуелни добра.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk