Последнава година, по најавата за метаверзумот се повеќе слушаме за NFT-токените (ако уште се чудите што е NFT, клик прво тука), и можноста за нивното користење во виртуелните светови и во видеоигрите. Најчесто се користат како доказ за поседување на некое онлајн средство/посед, или некој дел од опрема како оружје или оклоп во видеоигрите. Тимот кој работи на видеоиграта Battle For Giostone има малку поинаква идеја. Во нивниот случај и хероите со кои ќе играме се NFT токени.
Battle For Giostone e MOBA (multiplayer online battle arena) видеоигра која ја развиваат ентузијасти вљубеници во овој жанр. Тимовите кои работат на играта се на три различни локации, во Украина*, Русија*, САД и Македонија. Под девелоперот M-Tech Entertainment, Battle for Giostone ја развиваат 33 артисти, програмери, продуценти, музичари, дизајнери и економисти, со огромно искуство.
На следните линкови може да се види за каков тим станува збор и нивното портфолио:
- https://www.artstation.com/5518studios/albums/all
- https://cookies.games/
- https://www.behance.net/ljushev
За развојот на видеоиграта разговаравме со Миле Граматиков, основач и директор на M-Tech Entertainment.
Со гејмерски жаргон, што може да очекуваме од Battle for Giostone? Која игра е најслична?
Од Battle For Giostone може да се очекува пред сè, игра која е забавна, возбудлива и заразна. Тимот се состои од врвни MOBA играчи кои се залагаат да креираат незаборавно искуство, комбинирано со Blockchain технологија. Најслични игри би биле Dota 2 и LoL.

Еден од концептите кои ги користите во играта е креирање на херои како NFT-токени. Како функционира ова? Каде и за што ги користите NFT-токените?
Секој Херој е посебен NFT токен кој го поседува самиот играч. За да може да учествува во еко-системот, играчот мора да поседува барем 1 херој / NFT.
Херојот е комбинација од својата класа и 4 моќи. Финалниот изглед на херојот зависи од тоа кои 4 моќи ги поседува и која му е класата. Постојат над триесет милиони комбинации кои би можеле да се користат во Battle For Giostone. Секоја комбинација е уникатна, и може да се искористи за различни цели.
За тие што не поседуваат NFT, постојат 3 херои кои можат да ги користат за почеток и проба, без да учествуваат во еко-системот.
Исто така, сите In-game козметички ајтеми се NFT-токени и играчите ќе можат да ги разменуваат, купуваат и продаваат, во реални економски услови во зависност од понудата и побарувачката.
Од техничка гледна точка, како го спојувате гејмингот и криптотокените? Кој блокчејн користите и кои алатки? Како изгледа процесот на креирање на NFT херој?
Блокчејнот го спојуваме со гејмингот на тој начин што конечно, секој играч реално во својот крипто-новчаник ќе ги поседува сите in-game ајтеми / скинови и ќе има целосна слобода да одлучи што ќе прави со нив. Освен тоа, гејмерите ќе можат да се запознаат со блокчејн и NFT-токените на еден забавен и интересен начин.
Целата игра ќе биде изградена на Binance Smart Chain или Polygon. Имаме гласање од нашето community, и тие ќе одлучат на кој блокчејн ќе биде пуштен проектот.
Battle for Giostone ќе користи два различни токени. Едните токени ќе се користат за креирање на хероите, а другите за учество на насоката во која ќе се движи Battle for Giostone. GST-токени се токените кои ќе се користат во играта. BFG-governance токени ќе се користат за носење на различни одлуки за насоките во развој на играта. Продажбата на овие токени започнува за десетина дена, на 20 февруари.

Кои се придобивките од користење NFT-токен за хероите?
Придобивката е тоа што после секоја партија, победниците добиваат GST-токен што се користи за производство на нови херои и може да се разменува за USDC.
Играчот може да избере да произведе нов херој и да го продаде, или директно да си ги промени токените за USDC. Секоја опција си носи свои предности и недостатоци.
Може ли да го опишете процесот на креирање на херој. Почнувам со 0 ресурси и почетен херој, што треба да правам во играта за да креирам нов херој? Дали е потребно да знам било што за NFT пред да почнам?
За да почнете со играње, потребно е MetaMask паричник и минимално ИТ познавање.
Секогаш може да се игра со бесплатен херој, но играње со бесплатен херој нема да носи награди за играчот. За да почнете да учествувате во реалната економија и еко-систем, потребно е да си купите веќе постоечки херој од некој на Marketplace, или да си произведете ваш херој со купување на GST.
Најавувате и дека сопствениците на токените ќе може да ги користат за да учествуваат во носење на одлуки при развој на играта. Имате ли некои идеи за одлуките на кои ќе може да влијае заедницата?
Играта се базира на 2 токена. BFG е governance токен, кој што ќе се користи за гласање во носењето одлуки при развој. Токенот нема да биде достапен веднаш по излегување на играта, туку неговото издавање ќе биде разделено на неколку фази во зависност на кои одлуки ќе може да се влијае.
Пример фаза 1 : По крајот на некоја сезона на BFG, тимот смета дека е потребно да има промени во балансот и прави промени на некои „аbilities“. Тие идеи се презентираат на нашиот веб-сајт и секој кој што има BFG може да гласа дали е за или против таа промена.
Пример фаза 2 : Дали да се намалат / покачат наградите за играчите или за leaderboards ?
Пример фаза 3 : Дали M-Tech Entertainment треба да продолжи да ја развива играта или не?
Играта е бесплатна, а ќе заработува преку провизии од NFT трансакциите? Може ли да „преживеете“ само од ова?
Потенцијалниот маркет е огромен, ќе споделам неколку бројки за референца.
Доколку Daily Volume на трејдинг изнесува 100,000$, M-Tech добива 1,250$, а остатокот оди во Community Treasury. Community Treasury преку награди ќе се врати назад кај играчите. Целиме кон еден милион долари daily trading volume.

Кога планирате да излезе Battle for Giostone и кога започнува продажбата на токени?
Според нашиот roadmap, Battle For Giostone ќе биде јавно достапна во отворена алфа во последното тримесечје на 2022, а затворена алфа во третата четвртина на 2022, која ќе биде достапна само за тие што ќе поседуваат херој.
Претпродажбата на BFG токени почнува на 20 февруари за инвеститори и Venture Capitals, а продажбата на херои ќе биде во втората четвртина на 2022. За подетални информации прочитајте го нашиот whitepaper и влезете на нашиот Discord сервер.
Забелешка:
Интервјуто е направено пред започнување на конфликтот помеѓу Русија и Украина. Испратени се дополнителни прашања до тимот на BFG за како конфликтот влијае на нивната работа со оглед на фактот дека имаат тимови во Русија и Украина, меѓутоа одговори сè уште не се добиени.