0 коментари 2 мин. читање 9 ноември, 2015

Alibaba го купи кинескиот YouTube за 3,7 милијарди долари

Alibaba е нов сопственик на Youku Tudou, кинеската алтернатива на YouТube за кој е-продавницата плати 3,7 милијарди долари. Youku Tudou е дел од најпопуларните платформи за споделување на видео содржини во Кина, со над половина милијарда корисници, вели Mashable. Alibaba и претходно имаше удел во видео сервисот, односно 20 отсто од акциите кои се проценети на 4,4 милијарди долари.

„Со нетрпение ја започнуваме работата во Alibaba, за да ја зголемиме нашата мулти-дисплеј забава и екосистемот. Убедени сме дека нашата позиција на пазарот ќе биде зацврстена и понатамошно ќе го забрза нашиот раст преку интеграција на рекламите на платформите на Alibaba и на Alipay сервисот,“ велат од Youku Tudou.

Купувањето ќе биде официјализирано на почетокот на 2016 година, по финализирање на деталите и гласањето на акционерите на Youku Tudou, но Alibaba верува дека има поддршка од најмалку 60 отсто од акционерите. По завршувањето на аквизицијата нема да има промени во менаџерскиот тим на компанијата.

youkiotodou

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top