0 коментари 2 мин. читање 9 ноември, 2015

Земјоделците ќе аплицираат електронски за субвенции

Од следната година барем за оние земјоделци кои имаат основни познавања за работа со компјутер, пријавувањето за субвенции ќе биде поедноставно. Со цел за полесен пристап за субвенции од 2016 години ќе може да се користи и електронско аплицирање. „Сите земјоделски стопанства кои аплицираат за субвенции, ќе можат тоа да го направат по електронски пат од сопствените домови, ако имаат персонални компјутери, или да се обратат до подрачните единици на Министерството и општините каде што ќе има обучени луѓе за да им помогнат да го достават барањето за субвенции. Со тоа ќе се намалат мешаниците, редот, чекањето и револтот на земјоделците при пријавувањето на субвенциите”, вели Весна Вуковиќ, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој.

Освен поедноставно аплицирање, електронските апликации ќе ѝ ја олеснат работата и на агенцијата. Податоците побрзо ќе стигаат до агенцијата, а и обработката ќе биде поедноставна. Се разбира сето ова е под претпоставка дека земјоделците имаат пристап до интернет и доволно волја и познавање да можат и самите да се пријават за субвенции; во спротивно следниот проект на агенцијата би можел да биде интернет обука за земјоделците.

Оваа година до агенцијата стигнаа 1.642 барања за финансиска поддршка. За жал, од агенцијата не излегоа со податок за очекувањата, колку од овие барања очекуваат да бидат поднесени онлајн во 2016 година.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top