IBM по стапките на колегите, компанијата ќе инвестира 150 милијарди долари во САД

во Вести

Гигантот IBM објави голема инвестиција во САД. Сумата од 150 милијарди долари ќе биде инвестирана во различни сектори. Помеѓу најзначајните се инвестициите во истражување и развој и квантни компјутери. Во следните пет години компанијата ќе инвестира  повеќе од 30 милијарди долари за развој на „mainframe“ и квантни компјутери.

Целта на инвестицијата е да ја зацврсти позицијата на IBM како водечка компанија за квантни компјутери во светот. IBM има најмногу квантни компјутери во светот. Над 300 Fortune 500 компании и 600 000 корисници имаат пристап до квантните компјутери на IBM. Потенцијалните примени на квантните компјутери се огромни и се протегаат низ различни индустрии. Во фармацевтската индустрија, тие можат да го забрзаат откривањето на нови лекови и материјали со симулирање на молекуларни интеракции на ниво кое е невозможно за класичните компјутери. Во финансискиот сектор, квантните алгоритми можат да направат револуција во моделирањето на ризици, оптимизација на портфолио и откривањето на измами. Во науката за материјали, тие можат да помогнат во дизајнирање на нови материјали со подобрени својства. Дури и во областа на вештачката интелигенција, квантните компјутери можат да овозможат развој на посложени и поефикасни модели за машинско учење.

„Технологијата не само што ја гради иднината – таа ја дефинира“, вели Арвинд Кришна,  претседател и извршен директор на IBM. „Фокусирани сме на американските работни места и производство уште од нашето основање пред 114 години, а со оваа инвестиција и посветеност на производството ќе обезбедиме дека IBM ќе остане епицентар на најнапредните компјутерски способности и вештачка интелигенција во светот“.

Image: IBM

По изборот на Доналд Трамп и најавата за царини голем дел од технолошките компании најавија инвестиции во САД. Во 2017 година најголем дел од вработените во IBM беа вработени надвор од САД. Дури 122 000 работници на компанијата беа лоцирани во Индија и Бангладеш. Ова се огледа и во просечната плата на вработените во компанијата. Иако е еден од светските технолошки лидери, просечната плата на вработените во IBM е 48 582 американски долари.  Ова е значително пониско од конкурентите во секторот, на пример просекот во Dell e 73 283 американски долари.

Пред IBM инвестиција од 500 милијарди долари за производство AI-чипови во САД најави Nvidia. На почетокот на годината Трамп лично го најави големиот инфраструктурен проект за вештачка интелигенција Project Stargate. Project Stargate е инвестициски фонд чии дел се OpenAI, Oracle и Softbank. Инвестиции во САД најавија и Apple и TSMC.

IBM е најновото име на листата на компании кои се обидуваат да го одоброволат претседателот на САД, Доналд Трамп. Пред ова директорите на компанијата поминаа години и години, да ги преселат своите центри на локации на кои работата е поевтина, пишува The Register.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk