Дали некогаш Bitcoin ќе стане мејнстрим?

во Веб

Bitcoin (฿, BTC) е онлајн person-to-person (P2P) валута, замислена како дигитална децентрализирана валута, што значи дека со неа не управува ниту една институција, банка. Целата размена на оваа валута е изработена од слободен софтвер кој со алгоритми го обезбедува бројот на парички и нивно трошење.

Bitcoin своето внимание помеѓу технолошката заедница го доби во последните неколку години, а нејзиното ширење и популарност ниту малку не се забави, а сепак сѐ уште се далеку од мејнстрим банките и владите во поддржувањето на оваа децентрализирана валута.

Некои од прашањата кои се поставуваа на LeWeb London во текот на минатата недела беа дали оваа валута ќе ја пронајде својата таргет група? Дали може да и се верува и дали е ризична за да се води бизнис со неа? Во панел дискусијата на LeWeb учествуваа Тони Галипи, ко-основачот на BitPay, Шакил Кхан, основач на сајтот за BitCoin новости – CoinDesk, и Роџер Вер, инвеститор во BitCoin стартапи. На видеото подолу можете да ја погледнете дискусијата, а во последните 5 минути се прашањата од публиката.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=gNXZKwR6Lio[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments